Природни Карактеристики

Основни податоци за општината

Општина Вевчани се наоѓа на само 15 км од Охридското Езеро, сместено е под падините на Јабланица, во југозападниот дел на Република Македонија. Се простира на површина од 35 км2, која е претежно ридско-планинска. Вевчани брои 550 постојани домаќинства со 2433 жители и околу 300 викенд куќи. Вевчани изобилува со голем број природни реткости и локалитети. Посебен белег му дава водата, која може да се види насекаде, но најдоминантна е во локалитетот “Вевчански извори“ – споменик на природата. Големо природно богатство се и шумите и живиот свет во нив, какои големиот број излетнички места како:

– месноста “Голина“ со глечерското езеро “Локва“ на 2000 м н.в.

– месноста “Мала ливада“ на која посебен белег и дава студената бистра изворска вода на н.в. од 1600 м.

– месноста “Јанков камен“, најубавото и најпосетеното излетничко место, богато со вода на н.в. од 1200 м.

 Вевчани е познато и по културното богатство, како што е старата архитектура која што вевчанци ја носеле од разни краеви на светот што печалбареле. Вевчани брои 19 цркви, манастири и параклиси, а централно место зазема црквата Св. Никола која е осветена 1876 година, а во која посебно место зазема иконостасот изработен од познатиот Дичо Зограф со тајфата, како и манстирот Св. Спас кој се наоѓа на надморска висина од 1310 м.

И покрај сите овие карактеристики, Вевчани во нашата земја и светот најпознато е по традиционалниот “Вевчански карневал“ стар колку што е старо и Вевчани – 1400 години. То се одржува секоја година на 13 и 14 јануари и преставува еден голем, отворен театар. Посетен е од голем број домашни и странски посетители. Вевчани, а со тоа и РМ од 1993 година е членка на Светското карневалско здружение – ФЕЦЦ и таму Република Македонија е примена под уставно име во период кога нашата земја се бореше за меѓународна афирмација

Географска положба

Општина Вевчани се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија на падините на планината Јабланица на надморска висина од 800м. Атарот на населбата Вевчани се наоѓа северозападно од Охридското езеро. Се протега во насока исток-запад, од подножјето, преку ридестиот терен се до сртот на планината Јабланица. Се граничи со Општина Струга, а во потесен дел ја допира државната гранична линија со Албанија. До Вевчани води асвалтиран пат што од Струга минува низ селата Враништа и Велешта и води до Вевчани.

Клима

Населбата и поширокото подрачје претставува најјужниоот дел од Р.Македонија и лежи на геогравска широчина од 41° но благодарение на височината на која лежат и најниските делови на теренот, климатските карактеристики во значителна мера одстапуваат од средоземната клима, која ова подрачје би трбало да ја има со оглед на својата геогравска положба. Ова подрачје од морската страна е оградено со високи планини така што многу малку се одразува влијанието на морето врз климатските одлики на теренот.

Во ова подрачје најтопли месеци се јули и август а најладни се јануари и февруари. Средната месечна температура во топлите месеци е 22°C, а во најладните се спушта и под 0°C. Средните годишни температури се ниски така да тие се задржуваат околу половина од годината и се некаде околу 10°C.Средните годишни врнежи се околу 1000мм. но тие се распределени во различни периоди и се редовно врзани со температурите така да најмногу ги има во ноември и декември, а најмалку во топлите летни месеци. Секако трeба да се спомене дека повеќе ги има во планинскиот предел.Висината на снежните врнежи достигнува и до 2м. Апсолутна минимална температура во зимските месеци  изнесува до -20°C.

Вегетација

Вегетационите одлики на теренот се зависни воглавно од климатските услови, од рељефот и од составот на почвата.Повисоките делови на теренот примаат доста врнежи во текот на целата година ,но средните годишни температури во вегетациониот период се ниски така да не постојат погодни услови за поразвиено аграрно производство. Исто така во овие предели вегетациониот период е нешто покус. Равничарските делови бидејќи природно имаат можност за наводнување застапено е одгледувањето на ратарски, зеленчукови култури и лозја со помали овошни насади. Во источниот равничарски дел ретко се одгледуваат житни култури но доста е присутно одгледувањето на пченка и тревнаста сточна храна.