Прашалник за квалитет на услуги

Преглед

  • Наслов: Прашалник за квалитет на услуги
  • Автор: Општина Вевчани
  • Тагови: новост, општина, вевчани, граѓани, важно, известување
  • Датум: 25/02/2014

Рејтинг

од 4027
Популарност

Прочитана

916

Почитувани,
Ве молиме да издвоите време и да го пополните овој прашалник. Истиот нема да Ви одземе повеќе од пет минути. 

Прашалникот е дел од истражувањето кое го реализира Центарот за управување со промени, во рамки на проектот “Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување”, финансиран од Европската Унија. 

Прашалникот се однесува на задоволството на граѓаните од делот од јавните услуги кои се обезбедуваат на ниво на општините во земјата.

Прашалникот може да го пополните на следниот ЛИНК
 
Вашето мислење ќе помогне да се утврдат одредени состојби и да се понудат решенија за надминување на проблемите во наведените области. 

Ви благодариме!