ЌЕ СЕ ГРАДИ ЗАОБИКОЛНИЦАТА НА ПОТЕГОТ ФАБРИКА“ВЕВЧАНКА“ – ЗДРАВСТВЕН ДОМ ВЕВЧАНИ

Преглед

  • Наслов: ЌЕ СЕ ГРАДИ ЗАОБИКОЛНИЦАТА НА ПОТЕГОТ ФАБРИКА“ВЕВЧАНКА“ – ЗДРАВСТВЕН ДОМ ВЕВЧАНИ
  • Автор: Општина Вевчани
  • Тагови: новост, општина, вевчани, граѓани, важно, известување
  • Датум: 25/02/2014

Рејтинг

од 3918
Популарност

Прочитана

1716

Премиерот на Владата на РМ ја најави доизградбата на регионалниот пат крак 1 од Р-418 (фаза 2), на потегот фабрика „Вевчанка“ - Здравствен дом Вевчани, како дел од големата инвестиција на Владата на РМ за изградба на шест регионални патишта во вкупна вредност од 48 милиони евра. 

Во изминатиот период континуирано и посветено работевме на создавање услови за реализација на овој капитален проект за општина Вевчани. Во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта во 2015 година беше изработена комплетна техничка документација за доизградба на заобиколницата. Градбата на заобиколниот пат според првичната динамика беше планирана за 2017-2018 година, меѓутоа истата треба да се оствари во 2016 година.

Со доизградбата на регионалниот пат крак 1 од Р-418 (фаза 2), на потегот фабрика „Вевчанка“ - Здравствен дом Вевчани значително ќе се развие патната инфраструктура во општина Вевчани која е предмет на постојано унапредување. Во изминатите две години со средства од буџетот на општина Вевчани, Министерство за финансии и Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на РМ изградени и реконструирани се поголем број на улици и сокаци во општиона Вевчани, и тоа: улица “Млака“, пристапен пат до нова училишна зграда, “Бебек фарм-Св.Варвара“, “Дузлеј“,“Дејкој“, “Бебекој 1“, “Бебекој 2“, “Русеј“, “Кочој“,“Дуцкини 1“, “Костојчини 2“, “Ќитаној 1“, “Гогој“, “Шутиној“, “Плушкој“, “Општинска зграда-Шутиној“, “Ќитаној 2“, “Попеј 2“ и улица “Чочорој“.

Изградбата и реконструкција на локалната инфраструктура останува во фокусот на општина Вевчани  и во иднина. Во тек е изработка на комплетна техничка документација за сервисна улица “С4“ во Вевчани, а наскоро ќе биде објавен тендер за изградба на заобиколен пат ООУ Страшо Пинџур Вевчани-Спортска сала-ЈОУДДГ Планински цвет Вевчани за чија изградба  веќе се обезбедени средства преку ЕУ ИПА гранот за рурална инфраструктура кој се администрира преку Светска банка.