ПРОФИЛ НА ОПШТИНАТА

Основни податоци за општината

Општина Вевчани се наоѓа на само 15 км од Охридското Езеро, сместено е под падините на Јабланица, во југозападниот дел на Република Македонија. Се простира на површина од 35 км2, која е претежно ридско-планинска. Вевчани брои 550 постојани домаќинства со 2433 жители и околу 300 викенд куќи. Вевчани изобилува со голем број природни реткости и локалитети. Посебен белег му дава водата, која може да се види насекаде, но најдоминантна е во локалитетот “Вевчански извори“ – споменик на природата. Големо природно богатство се и шумите и живиот свет во нив, какои големиот број излетнички места како:

- месноста “Голина“ со глечерското езеро “Локва“ на 2000 м н.в.

- месноста “Мала ливада“ на која посебен белег и дава студената бистра изворска вода на н.в. од 1600 м.

- месноста “Јанков камен“, најубавото и најпосетеното излетничко место, богато со вода на н.в. од 1200 м.

 Вевчани е познато и по културното богатство, како што е старата архитектура која што вевчанци ја носеле од разни краеви на светот што печалбареле. Вевчани брои 19 цркви, манастири и параклиси, а централно место зазема црквата Св. Никола која е осветена 1876 година, а во која посебно место зазема иконостасот изработен од познатиот Дичо Зограф со тајфата, како и манстирот Св. Спас кој се наоѓа на надморска висина од 1310 м.  

И покрај сите овие карактеристики, Вевчани во нашата земја и светот најпознато е по традиционалниот “Вевчански карневал“ стар колку што е старо и Вевчани – 1400 години. То се одржува секоја година на 13 и 14 јануари и преставува еден голем, отворен театар. Посетен е од голем број домашни и странски посетители. Вевчани, а со тоа и РМ од 1993 година е членка на Светското карневалско здружение – ФЕЦЦ и таму Република Македонија е примена под уставно име во период кога нашата земја се бореше за меѓународна афирмација

 

Географска положба

Општина Вевчани се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија на падините на планината Јабланица на надморска висина од 800м. Атарот на населбата Вевчани се наоѓа северозападно од Охридското езеро. Се протега во насока исток-запад, од подножјето, преку ридестиот терен се до сртот на планината Јабланица. Се граничи со Општина Струга, а во потесен дел ја допира државната гранична линија со Албанија. До Вевчани води асвалтиран пат што од Струга минува низ селата Враништа и Велешта и води до Вевчани.

Клима

Населбата и поширокото подрачје претставува најјужниоот дел од Р.Македонија и лежи на геогравска широчина од 41° но благодарение на височината на која лежат и најниските делови на теренот, климатските карактеристики во значителна мера одстапуваат од средоземната клима, која ова подрачје би трбало да ја има со оглед на својата геогравска положба. Ова подрачје од морската страна е оградено со високи планини така што многу малку се одразува влијанието на морето врз климатските одлики на теренот.

Во ова подрачје најтопли месеци се јули и август а најладни се јануари и февруари. Средната месечна температура во топлите месеци е 22°C, а во најладните се спушта и под 0°C. Средните годишни температури се ниски така да тие се задржуваат околу половина од годината и се некаде околу 10°C.Средните годишни врнежи се околу 1000мм. но тие се распределени во различни периоди и се редовно врзани со температурите така да најмногу ги има во ноември и декември, а најмалку во топлите летни месеци. Секако трeба да се спомене дека повеќе ги има во планинскиот предел.Висината на снежните врнежи достигнува и до 2м. Апсолутна минимална температура во зимските месеци  изнесува до -20°C.

Вегетација

Вегетационите одлики на теренот се зависни воглавно од климатските услови, од рељефот и од составот на почвата.Повисоките делови на теренот примаат доста врнежи во текот на целата година ,но средните годишни температури во вегетациониот период се ниски така да не постојат погодни услови за поразвиено аграрно производство. Исто така во овие предели вегетациониот период е нешто покус. Равничарските делови бидејќи природно имаат можност за наводнување застапено е одгледувањето на ратарски, зеленчукови култури и лозја со помали овошни насади. Во источниот равничарски дел ретко се одгледуваат житни култури но доста е присутно одгледувањето на пченка и тревнаста сточна храна.

Хидрографија (реки,езера)

Главна хидрогравска артерија на територијата на  на населбата Вевчани е Вевчанската река Матица која минува низ населбата и се влева во Црн Дрим.

Нејзините извори се наоѓаат на источните падини на планината Јабланица, во близината на населбата, на надморска висина од 950 м. а се сместени во тирјански варовници. Нивната издашност во влажниот период на годината изнесува околу 1.500 л./сек, а според некои мерења издашноста се цени од 400-450 л./сек.

Овие извори претставуваат едни од поретките псеудопериотски сифонски врела во нашата држава и како такви претставуваат виден споменик на природата.

Поради тоа и покрај своите амбиентални вредности претставуваат природно место за одмор и рекреација.

Покрај овој богат извор постојат и други планински извори како и фосилен остаток на леднички цирк во кого постои мала езерска водена површина (локва).

Населбата со вода за пиење се снабдува од изворот на реката Матица и од планинските извори кои по природен пат доаѓаат до неа.

Овие води создаваат можност за посебна атрактивност на амбиентот во населбата.

Исто така на само 12 км од населбата Вевчани се наоѓа и охридското езеро.

 

Краток историјат на општината

Историјат на општината

До 1953 година Вевчани имаше своја општина,заедно со селата Октиси и горна Белица. Од 1953 до 1956 година е приклучено кон  општина Велешта, а нешто подоцна кон општина Струга. Оттогаш трипати е поднесувано барање за формирање на општина  1969 ,1981 и 1990 година.

Општината е обновена 1996 година со донесувањето на Законот за територијална организација на Република Македонија со што Вевчани со површина од 35 км2 и 2500 жители е единствената општина во Р. Македонија со едно населено место. Општината почна да функционира од 1997 година со формирањето на нејзините органи и тела, по изборите за локална самоуправа.

Специфичноста и посебноста на вевчанскиот идентитет се гледа и низ призмата на Вевчанскиот карневал, Референдумот  за прогласување на Република Вевчани во 1992 година, сопствените пасоши и парите (личници).

 

Името на општината

Името на Вевчани произлегува од чисто словенски збор. Тоа е старословенскиот збор ВЕС (село), односно за жителите на тоа село СЕЛЧАНИ, а за ВЕС (ВЕСЧАНИ). Вака по пишуваното правило врзано за промените на зборовите во литературниот јазик, конечно се извела именката Вевчани.

Изворите говорат дека Вевчани е чисто словенска населба. Неговата прва локација не била денешно Вевчани. Таа се наоѓала нешто подалеку од подножјето на планината Јабланица, на местото што денеска се вика  - Селиште.

Вевчани е стара населба, а нејзините почетоци датираат од крајот на VI, односно почетокот на VII век, кога словенското племе Берзити (Брсјаци) го преплавуваат Струшкиот крај и ја населуваат локацијата на денешно Вевчани, југоисточно од планината Јабланица.

За тоа од кога ја сретнуваме населбата Вевчани запишана во документите, низ вековите, има повеќе изворни документи. Еден од нив е Калимановата грамата,како досега најстар истражен документ. Во него се говори дека Вевчани како селска населба е евидентирано од крајот на IX век и тоа како мошне развиена, економски јака и обврзана да дава данок во натура на бугарскиот кнез Борис I, а по него и на царот Симеон Велики.

За населувањето на првите семејства и родови во Вевчани досега се што се знае се темели на претпоставки и легенди. Така, првите населени вевчанци биле браќата Калан и Алул. Иако браќата се населиле на една локација во Вевчани, братот Алул го населил горниот крај на селото и ја создал семејната лоза Алуловци, додека, вториот брат Калан, го запоседнал долниот крај на Вевчани, во Долно маало, каде што денес живее семејната лоза Калановци.

Демографски податоци

Бројот на населението според пописот од 2002 година

Според пописот во 2002 година во општина Вевчани живеат  2433 жители. Просечната густина на населението е 106,71 жители/км2. Има 1 населено место.

Структурата на населението според националната припадност

Структура на населението според националната припадност:

Општина

Вкупно

Македонци

Албанци

Турци

Роми

Власи

Срби

Останати

Вевчани

2433

2419

0

0

0

1

3

10

 

Наталитетот и морталитетот  во општината

Општина

Вкупно живородени

пол

Вкупно умрени лица

пол

Машки

Женски

Машки

Женски

Вевчани

19

11

8

24

10

14

 

Полова структура на населението

Возраст

Вкупно

Мажи

Жени

Вкупно

2433

1229

1204

0 - 4

132

58

74

5 - 9

145

77

68

10 - 14

157

87

70

15 - 19

172

77

95

20 - 24

191

111

80

25 - 29

192

106

86

30 - 34

177

98

79

35 - 39

157

84

73

40 - 44

192

104

88

45 - 49

198

108

90

50 - 54

168

84

84

55 - 59

110

54

56

60 - 64

128

57

71

65 - 69

88

38

50

70 - 74

101

43

58

75 - 79

71

24

47

80 - 84

44

15

29

85 и повеќе

10

4

6

 

Структура на населението според возраст и школската подготовка

Структура на населението според школската подготовка:

Возраст

Вк. нас.

Без учил.

некомл.основ. образ.

основ.

учили.

средно учили.

виша школ

Висока школа

магистратура

докторат

15-19

172

1

-

135

35

-

-

-

-

20-24

191

-

-

18

168

1

4

-

-

25-29

192

-

1

20

146

3

22

-

-

30-34

177

-

-

18

136

3

20

-

-

35-39

157

1

1

21

115

8

11

-

-

40-44

192

-

1

58

96

20

17

-

-

45-49

198

-

1

105

73

7

12

-

-

50-54

168

-

5

99

56

6

2

-

-

55-59

110

1

8

53

36

9

3

-

-

60-64

128

-

43

62

14

5

4

-

-

65-69

88

1

40

30

14

-

3

-

-

70-74

101

7

68

17

7

2

-

-

-

75-79

71

5

54

8

3

1

-

-

-

80-84

44

6

34

4

-

-

-

-

-

85 и повеќе

10

4

5

-

1

-

-

-

-

 

Домаќинства во општината

 

Домаќинства

Вкупно население

Број на домаќинства

вкупно

несемејни

семејни

Индивидуални домаќинства

2433

593

54

539

со 1 член

47

47

47

-

со 2 члена

154

77

7

70

со 3 члена

279

93

-

93

со 4 члена

548

137

-

137

со 5 члена

530

106

-

106

со 6 члена

558

93

-

93

со 7 члена

154

22

-

22

со 8 члена

56

7

-

7

со 9 члена

54

6

-

6

со 10 и повеќе члена

53

5

-

5

Колективни домаќинства

-

-

-

-

 

 

 

 

 

 

Ресурси на општината

 

Природни ресурси

Населбата Вевчани опкружена со шуми и обработливо земјиште. Како ресурс од посебно значење е водата, која може да се види насекаде, но најдоминантна е во локалитетот “Вевчански извори”. Големо природно богатство се и шумите и високо планинските пасишта кои интегрално се поврзани со животот и опстанокот на населбата. Треба да се истакне дека овие природни  зелени површини имаат огромно еколошко значење, како и санитарно - хигиенско значење за населбата Вевчани  како и пошироко. Шумите и планинските пасишта имаат многу значајна улога во заштитата на Вевчанските извори и планинското езеро - Вевчанска локва кое се наоѓа на  висина од 2000 м.н.в. како природни реткости со посебна функција.

Населбата Вевчани изобилува со природни терени за зимски спортови и тоа почнувајќи од локалитетот Јанков камен каде се наоѓа излетничкото место Јанков Камен посетувано од многубројни туристи се до месноста Голина на н.в од1.800м. Ова се предели каде што снегот се задржува  и до 6 (шест) месеци во годината.

Во непосредна близина на планината има и манастир “Св.Спас” кој традиционално  секоја година претставува собиралиште на многу посетители.

Во населбата посебно е убав локалитетот околу црквата “Св.Никола” која како доминантна е поставена на мало брдо, а одтаму се отвораат визури кон целото Струшко поле и пошироко до Охридското езеро.

Споменици на природата

Локалитетот ”Вевчански Извори”  е прогласени за споменик на природата во 1999 година.

Археолошки наоѓалишта

  • Црквиште Вакоски Ливаѓе кај Пелвец - се наоѓа западно од селото Велешта во атарот на Вевчани. На ова место регистриран е археолошки локалитет со остатоци од стара градба. До пред половина век тука постоеле урнатини и видливи контури од некогашната градба.
  • Локалитетот Вајтос - каде среќаваме траги за постоењето на населбата Вевчани (IV-III век пр.н.е.)
  • Во кругот на денешното училиште постои ново археолошко наоѓалиште Св.Пречиста (Богородица) откриено во 2006 година при изградба на Амфитеатарот.

Инфраструктура и јавни услуги

Патишта (главни патишта, регионални и локални патишта)

Регионален пат е Суво поле (Кореа) - Вевчани центар. Неговата ширина е 6.0 м, а должината е 4,5 км. Тој е асфалтиран и е во добра коловозна состојба.

Од почетокот на Вевчани (фабриката Вевчанка) - до центарот изградени се тротоари. Регионалниот пат го одржува Македонија пат.

Локални патишта во населбата се :

  • Вевчани -Горна Белица, ширина=3,5 м (планински пат), должина=5км-асфалт, должина=3,5км под тампон (за асфалтирање останува уште=1,5км.);
  • Ф-ка Вевчанка - Здравствен дом, должина 1,8 км - пробиен и асфалтиран во должина од 0,6 км.

Улиците  низ населбата се од асфалт и бекатон.

До населбата Вевчани се доаѓа преку локалниот пат што се одвојува од регионалниот патен правец Струга - Дебар со вкупна должина до населбата од 4 км. Од населбата во правец кон југ постои локален пат за селото Октиси кој е асфалтиран но изграден по постојната траса која не е соодветна за несметано одвивање на нормален сообраќај во две насоки. Према селото Подгорци има оформен патен правец, но не е танпониран ниту асфалтиран. Со селото Горна Белица во дел е поврзано со асфалтиран пат а останатиот дел е предвиден да се доработи во текот на наредната година.

Снабдување со вода за пиење, фекалната и атмосферската канализација

Водоснабдувањето на населбата се врши од два независни системи и тоа: систем за водоснабдување на висока зона за чие водоснабдување се зафатени изворите на Црвен кладенец на висина од 1900 м. и резервоар со запремнина од 25 м3 на кота 983 мн.в. и систем за водоснабдување на долна зона со зафаќање на Вевчанските извори на кота 313 мн.в.

 

Населбата Вевчани покриена е 90% со мрежа на фекална канализација. За отпадните води од домаќинствата и индустриските објекти изградена е пречистителна станица за грубо пречистување.

Во поглед на атмосферската канализација, атмосферските води делумно се одведуваат преку каналите за наводнување, делумно се одведуваат по сообраќајниците и се испуштаат во отворените корита.

Состојбата на електричната мрежа во опшината

Снабдувањето со електрична енергија на населбата Вевчани се врши со висок степен на сигурност заради тоа што во нејзина близина се наоѓа среднонапонски електро - капацитет од напонскиот ред 35 KV, трафостаницата 35/10 KV ,,Суво Поле,, со две трафо единици од по 4 MVA.

 

Во населбата Вевчани постојат следните трафостаници:

* БТС 10/0,4 KV 400 KVA “Стружанка”-индустриска

* СТС 10/0,4 KV 250 KVA "Бералиште"

* СТС 10/0,4 KV 100 KVA"Црква”

* ЧСТС 10/0,4 KV 100 KVA”Грд гребје”

* ЧСТС 10/0,4 KV 160 KVA”Попој”

*ЧСТС 10/0,4 KV 100 KVA"Детска градинка"

* ЧСТС 10/0,4 KV 160 KVA”Амбуланта”

Високонапонската мрежа е воглавно воздушна.

За задоволување на идните потреби со квалитетна електрична енергија во населбата предвидени се нови трафостаници како и промена на трансформаторите на дел од постојните, но пред се најважно е да се изврши планираната реконструкција и осовременување на нисконапонската електрична мрежа, која е несоодветна, технички и физички.

Јавната хигиена

За одржување на јавната хигиена се грижи ЈП ”ЕРЕМЈА” Вевчани со помош на својата скромна механизација и работна сила.

 

Сообраќајот во општината

 Во Вевчани за јавен превоз на патници и стоки се користи патен сообраќај.Автобуската станица е во сопственост на општина Вевчани. Превозот на патници го врши приватен превозник. Секојдневно  ја обавува својата дејност на патниот правец Вевчани-Струга и Струга -Вевчани.

 

Меѓуопштински и меѓународен  линиски транпорт

 Меѓуопштинскиот превоз во општина Вевчани на релација Вевчани - Струга и назад го врши приватниот превозник ДОО”Сприја” Вевчани  кој има обезбедено лиценца од Министерството за транспорт и врски. Sекојдневно jа одржuва  и линијата Вевчани-Скопје и Скопје-Вевчани со обезбедена лиценца. Исто така врши и меѓународен превоз на релација Вевчани - Црна Гора и назад.

Аеродроми

На само 25 км од населбата Вевчани се наоѓа Аеродромот ,,Св.Павле,,.

Иригациони системи (системи за наводнување)

Во населбата Вевчани постојат системи за наводнување и одводнување на вишокот на вода претставен преку канали за наводнување - јазови и бразди со кои стопанисува ВЗ.”Вевчанска река”.

 

Структура на вработеност и невработеност

 

*Преглед на невработени лица според школската подготовка и половата припадност:

Степен на образование

 

Се

 

Жени

 

Мажи

НКВ

84

40

44

ПКВ и НСО

55

19

36

КВ

91

19

72

ВКВ

0

0

0

ССО

190

81

109

ВИШЕ

6

1

5

ВИСОКО

27

11

16

МАГИСТРИ

0

0

0

Доктори на Науки

0

0

0

Вкупно

453

171

282

 

*Преглед на невработени лица според старосна структура и полова припадност:

 

Старост

 

Се

 

Жени

 

Мажи

15 до 19 години

9

4

5

20 до 24 години

59

34

25

25 до 29 години

81

25

56

30 до 34 години

73

32

41

35 до 39 години

58

17

41

40 до 44 години

37

11

26

45 до 49 години

44

19

25

50 до 54 години

52

17

35

55 до 59 години

33

10

23

60 година и повеќе

7

2

5

Вкупно

453

171

282

Бројот на лицата кои добиваат социјална помоаш и нивната национална структура

Бројот на носители - корисници на социјална парична помош од Општина Вевчани изнесува 13  и истите се од македонска националност.

Показатели за локалната економија

Земјоделство

Вкупен земјоделски потенцијал

  • Површина на користено земјоделско земјиште по категории

 

Вкупно

Ораници и бавчи

Ливади

Пасишта

Овоштарници

Лозја

Расадници

Вевчани

135,38

56,50

60,66

2,77

3,70

11,71

0,04

 

*Површина на жита

 

Вкупно

Пченица

Пченка

Јачмен

Ориз

Други жита

Вевчани

44,73

16,59

22,18

5,30

0

0,65

 

*Површина на фуражни растенија

 

Вкупно

Добиточна репка

Луцерка

Детелина

Пченка за зелена маса

Фуражни смески

Вевчани

3,98

0

1,41

2,56

0

0

 

*Број на стебла на ореви и бадеми

 

Ореви

Бадеми

Вкупно

Вкупен број на стебла

Вкупна површина  ха

Вкупен број на стебла

Вкупна површина  ха

Вевчани

226

0,39

25

0,05

 

*Лозови насади

 

Вкупно лозови насади

Вкупно

Број на пенушки

Вкупна површина  ха

Вевчани

59480

11,71

 

Сточарство

Во населбата Вевчани во минатото можеше да се забележи дека секоја втора куќа имаше некаков вид на добиток .

Денеска состојбата е доста променета , бројот на добиточни грла во последниве години е доста намален во однос на бројот на крави,коњи и магариња , додека фондот на овци бележи мал пораст. Во населбата Вевчани  регистрирани се две претпријатија кои се занимааваат со сточарство. 

Претпријатија во општината

Р.б.

Вид

        Назив на деловен објект

1

Ресторани

  • Кутмичевица
  • Домаќинска куќа
  • Виа игнациа
  • Во извор

 

2

Хотели

  • Премиер

 

3

Кафе барови

  • Бистро
  • Пута тренд
  • Липа
  • Центар
  • Извор
  • Бобана

      

4

Антикварница

  • Самовила

5

Пекара

  • Алмико

6

Градежни фирми

  • ДОО Виа инжинеринг
  • ДОО Виа
  • ДООЕЛ Јаград
  • ДООЕЛ Викторија Бранко
  • ДООЕЛ Коцоски Компани
  • ДООЕЛ Веград

7

Хортикултура и партерно уредување

  • ДООЕЛ Гардена проект

 

8

Инфо центар

  • Инфо центар Вевчани

9

Превоз на патници

  • ДОО СПРИЈА

 

Локална самоуправа

Со Законот за локалната самоуправа од 2002 година значително се зголемија надлежностите на општините. Заради  успешно вршење на новите надлежности од страна на локалната власт од 2005 година отпочна процесот на децентрализација кој има за цел приближување на власта кон граѓаните.

Општините се надлежни за вршење на следните работи:

1. Урбанистичкото (урбано и рурално )планирање

2.Заштита на животната средина

3.Локалниот економски развој

4.Комуналните дејности

5.Културата- институционалната  и финансиска подршка на културните установи и проекти

6.Спортот и рекреацијата

7.Социјалната заштита и заштита на децата

8.Образованието

9.Здравствена заштита

10.Спроведување на подготовки и преземање нмерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра

11.Противпожарна заштита

Организациска структура

Совет на општината

-Советот брои 9 члена.

Јавни претпријатија во општината

Јавно претпријатие во надлежност на општината е ЈП ”ЕРЕМЈА” Вевчани основано 1998 година со олука на советот на Општина Вевчани.

Дејности кои ги врши се:

-Собирање,пречистување и дистрибуција на вода

- Прибирање,превоз и депонирање на ѓубре

-Одведување на отпадни води (канализација)

-Погребални активности

-Одржување на пазар на мало( одржување на тезги за давање на услуги за трговија)

Здравство

Државни здравствени институции

Здравствена заштита во општина Вевчани се одвива на ниво  на примарна   и специјалистичка здравствена заштита во рамките на ЈЗО “Светозар Чочороски” Вевчани.

ЈЗО ”Светозар Чочороски” Вевчани има здравствени амбуланти (пунктови) и во селата Лабуништа, Боровец, Јабланица, Велешта, Татеши и Подгорци.

Во рамките на Здравствениот дом “Светозар Чочороски “ има и модерно опремена лабораторија и ренген.  Објектот има поволна местоположба. Бројот на вработените во ЈЗО е 68. Површината на зградата е 600м2, а на  ренгенот 580м2.

Преглед и број на вработени во Здравствен  дом  Вевчани:

ВЕВЧАНИ

Број на регистрирани

Број на вработени

Хитна служба

1

32

Специјалистичка ординација

1

4

Ренген и лабораторија

1

12

Администација

 

20

 

Приватни здравствени ординации

Процесот на приватизација во ЈЗО е во завршна фаза и сите приватни ординации се лоцирани во објектите на поранешниот Здравствен дом Вевчани и селските амбуланти (пунктови).

Преглед не регистрирани приватни ординации и број на вработени:

ВЕВЧАНИ

Број на регистрирани

Број на вработени

Приватни ординации

3

9

Приватни аптеки

1

8

Приватни стоматолошки ординации

4

10

Аптеки

Во рамките на ЈЗО ”Светозар Чочороски” е лоцирана и приватна аптека која има  свои депоа во Лабуништа ,Боровец и Велешта. Има вкупно 8 вработени.

Институции и организации

Канцеларијата на Македонски пошти

Објектот во кој е сместена канцеларијата на Македонски пошти е со површина од 100 м2, простор кој заедно го делат со канцеларијата на Македонски телекомуникации.Објектот е сместен во центарот на населбата.

Локалните невладини организации

Во населбата Вевчани постојат повеќе невладини организации и тоа:

1.Пиростија здружение на граѓани Вевчани

2.Пештерка планинарско спелиолошко друштво Вевчани

3.Визија здружение на граѓани Вевчани

4.Вевчанска традиција здружение на граѓани Вевчани

5.Институт сонце здружение на граѓани Вевчани

6.Личник здружение на граѓани Вевчани

7.Спасица здружение на граѓани Вевчани.

8.Еколошко друштво”Пријатели на природата” здружение на граѓани Вевчани и др

 

Визија на општината

 

Визијата која што претставува долгорочна определба и насока кон која ќе се движи Општина Вевчани и крајна посакувана дестинација на економскиот развој на општината за следните 5 години, односно периодот од 2009 – 2013 година.е следната:

Стратешки области

За време на спроведување на процесот на стратешко планирање преку користење на техники за целосно учество на заинтересираните страни, како и врз основа на профилот на општина Вевчани и SWOT анализата, беа идентификувани стратешки области, на кои треба да се работи со цел да се исполни визијата на општината. Во процесот на креирање на визијата беше вклучен општинскиот тим за ЛЕР, и беа идентификувани следните стратешки области: 

  1. Туризам
  2. Животна средина
  3. Стопанство
  4. Земјоделство
  5. Инфраструктура
  6. Здрав дух

Стратешки цели

Стратешките цели беа определени врз основа на стратешките области, односно за секоја стратешка област беше идентификувана една стратешка цел. Во табелата е даден преглед и однос помеѓу стратешките области и стратешките цели.

Еден од основните критериуми за дефинирање на стратешките цели беше нивното целосно имплементирање да води кон исполнување на визијата на Општината  - што може лесно да се воочи од следната слика:

Рангирање на стратешките области

Рангирањето односно приоретизирањето на стратешките области беше направено врз основа на матрицата за приоретизирање и меѓусебна споредба на важноста и значењето на секоја стратешка област со останатите. Врз основа на таа анализа може да се заклучи дека како најголем приоритет во овој момент за жителите на Општина Вевчани е инфраструктурата, и тоа како основа за понатамошен развој на сите други области, посебно како основа за развој на туризмот, и стопанството.  Во наредните два графикони се дадени Матрицата за приоретизирање и прирамидално претставени приоритетите одредени со овој процес:

 

Матрица за Приоретизирање

1 Туризам

2 Животна Средина

3 Стопанство

4 Земјоделство

5 Инфраструктура

6  Здрав Дух

1

Туризам

2

Животна Средина

1

3

Стопанство

3

3

4

Земјоделство

1

2

3

5

Инфраструктура

5

5

5

5

6

Здрав Дух

6

6

3

6

5

 

Приоритет 1: Инфраструктура

Приоритет 2: Стопанство

Приоритет 3: Здрав Дух

Приоритет 4: Туризам

Приоритет 5: Животна Средина

Приоритет 6: Земјоделство