БИОГРАФИЈА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

 

Цветомир Угриноски


Роден е во 1952 година во Вевчани, Република Македонија. Оженет, татко на две деца.

РАБОТЕН ИСТОРИЈАТ

1970-1990 ко-сопственик на приватна градежна компанија во Словенија;

1991-2000 ко-сопственик на градежна компанија во Република Хрватска со седиште во Вевчани;

2000 - до денес  сопственик на приватна градежна компанија со седиште во Вевчани


ПОСЕБНИ КУРСЕВИ, СЕМИНАРИ, КОНФЕРЕНЦИИ, НАГРАДИ И ДРУГИ ДОСТИГНУВАЊА

Во рамките на приватната градежна пракса и можностите на словенечкиот неформален образовен систем во текот на 70-те и 80-те години, има земено учество во голем број курсеви поврзани со имплементирање на нови стандарди во областа на:

- висока градба (станбени блокови и индивидуални објекти за живеење); ниско градба (изградба на локални улици и патишта); уредување на јавни површини ( паркови, плоштади и др, јавни површини);

- успешно завршена ПОЛИТИЧКА АКАДЕМИЈА - ЈАКНЕЊЕ НА ДЕМОКРАТИЈАТА НА ЛОКАЛНО НИВО



Децениското искуство како ко-сопственик и сопственик на приватни градежни компании со повеќе од 100 вработени, формалното и неформалното образование во Словенија се едни од главните столбови во искачувањето на моите денешни бизнис скалила во РМ.