СОВЕТ

 СОВЕТ

 

Советот е претставнички орган на граѓаните кој одлучува во рамките на надлежностите на општината. За разгледување на прашања и утврдување предлози од  одредена област, советот од својот состав формира постојани и  повремени комисии. Составот и начинот на изборот на членовите на комисиите се уредуваат со статутот на општината. Членовите на советот се избираат на  општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање.

Бројот на членовите на општина Вевчани согласно бројот на жители изнесува  9 (девет). Мандатот на членовите на советот трае 4 (четири) години и истите вршат претставување на граѓаните и донесуваат одлуки по сопствено уверување.

 

Надлежност на советот:

1. Го донесува статутот на општината и други прописи;

 

2. Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;

 

3. Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за  финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;

 

4. Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и  врши надзор над нивната работа;

 

5. Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;

 

6. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината;

 

7. Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;

 

8. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон;

 

9. Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината;

 

10. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;

11. Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон;

12. Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон;

13. Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител;

14. Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на  Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот и

15. Врши и други работи утврдени со закон.

 

ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕВЧАНИ

Ред. бр

Име

Презиме

Партија

1

Борче

Размоски

ВМРО - ДПМНЕ

2

Спасе

Кочовски

ВМРО - ДПМНЕ

3

Јасмина

Бебекоска

ВМРО - ДПМНЕ

4

Марко

Парталоски

ВМРО - ДПМНЕ

5

Анѓелко

Мурџески

ВМРО - ДПМНЕ

6

Александра

Влајнкиноска

ВМРО - ДПМНЕ

7

Валентина

Попоска

СДСМ

8

Никола

Радиноски

СДСМ

9

Глигор

Костојчиноски

Група граѓани