ОДДЕЛЕНИЈА

Врз основа на своите надлежности, групирањето на работите и задачите според видот, обемот, сложеноста, нивната меѓусебна сродност и поврзаност, општинската администрација на општина Вевчани е организирана во одделенија.

 Одделенијата се формирни заради обединување на повеќе меѓусебно поврзани области од надлежност на општината, како и координирање и контрола на работите во извршувањето на следните работи: нормативно-правни и управување со човечки ресурси, стручно – аналитички, управни, управно–надзорни, стручно-оперативни, информативно–документирани, информативно–комуникациски, оперативни, материјално–финансиски, инвестициони, информатичко–технолошки, стручно–административни, работи поврзани со културата, уметноста, социјалната заштита, помошни и други работи што се извршуваат во општината.

Општинската администрација ги врши следните работи:

  1. Ги подготвува актите за Советот и Градоначалникот;
  2. Ги подготвува седниците на Советот, како и седниците на неговите постојани и привремени комисии;
  3. Врши стручни работи за Советот и Градоначалникот,
  4. Го организира и спроведува финансиското работење на општината;
  5. Ја следи проблематиката во областите од надлежност на општината, врши анализа на состојбата и дава иницијатива и предлози за нивно решавање;
  6. Доставува информации и податоци во врска со активностите на општината на барање на надлежните органи или врз основа на закон;
  7.  Управува со документите на општината и ги чува се до нивното уништување, односно предавање во Државниот архив на Република Македонија; и
  8. Врши и други работи што ќе ги определи Советот и Градоначалникот

Одделение за правни, општи работи и јавни дејности

·          ги следи и проучува законите, други прописи и општи акти кои се однесуваат на локалната самоуправа;

·          дава мислење на актите од аспект на нивната законитост, ги следи прописите и нивните измени и дополнувања;

·          изготвува тужби и други поднесоци кои се однесуваат на заштита на имотот и средствата на општината;

·          ја застапува општината пред надлежните судови

·          ги изготвува сите видови на договори со кои општината настапува во правниот промет;

·          врши информирање на граѓаните и обезбедува слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располага општината;

·          ги информира корисниците на услугите за полесно остварување на нивните права;

·          архивско работење и административно технички работи;

·          врши работи од канцелариско работење кое опфаќа прием, отворање, евиденција и испраќање на актите на органите на општината;

·          доставува информации и податоци во врска со активностите на општината на барање на надлежните органи или врз основа на закон;

·          ги координира работите помеѓу локалната самоуправа и примарното здравство, образованието, културата, социјалната заштита и други јавни дејности предвидени со Законот за локална самоуправа;

·          превзема мерки и активности за цивилна заштита;

·          превзема мерки и активности за противпожарна заштита;

·          ја следи примената на законите, подзаконските акти и други прописи од областа на јавните набавки;

·          изготвува годишен план за јавни набавки и превзема активности за реализација на иститот; и

·          врши и други работи утврдени со закон и други прописи, статутот и актите на Советот и Градоначалникот.

Контакт информации:

Општина Вевчани, Вевчани бб, 6335 Вевчани, 

gjorgji.v@vevcani.gov.mk,  ljiljana.b@vevcani.gov.mk

Тел: +389 (0) 46 784 640  Факс: + 389 46 784 641 

Одделение за управување со човечки ресурси

  • врши следење и примена на закони и други подзаконски акти од областа на работните односи;
  • врши изготвување на акти кои се однесуваат на правата, обврските и одговорностите на вработените;
  • обезбедува координација на управувањето со човечките ресурси;
  • го следи развојот на организационата култура во органот во функција на остварувањето на целите во органот правилно применување и спроведување на законите и сите подзаконски акти од областа на човечките ресурси;
  • го координира стручното усовршување, едукацијата, тренингот и обуката на вработените во општинската администрација;
  • се грижи за обезбедување оптимални услови за работа на вработените;
  • го координира процесот на оценување на државните службеници;
  • врши изработка на извештај за оценување на државните службеници;
  • ја подготвува Одлуката за организација, делокруг и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на општина Вевчани, Правилникот за систематизација на работни места на општинската администрација, како и измени и дополнувања на истите;
  • ги организира состаноците со раководителите на одделенијата за планирање на потребите на човечки ресурси на органот;
  • ја следи примената  на Етичкиот кодекс за државните службеници;
  • ја координира соработката  со сметководството во одржување на базата на податоци за платите на вработените;
  • ги води личните досиеја на вработените;
  • контактира со Агенцијата за администрација; и
  • врши и други работи утврдени со закон и други прописи, статутот и актите на Советот и Градоначалникот.

Контакт информации:

Општина Вевчани, Вевчани бб, 6335 Вевчани, 

ljiljana.b@vevcani.gov.mk

Тел: +389 (0) 46 784 640  Факс: + 389 46 784 641 

Одделение за финансиски прашања

  • ја следи примената на законите и другите подзаконски акти од областа на буџетско и материјално - финансиско работење, како и нивните измени и дополнувања;
  • врши подготовка на буџетот на општината, завршната сметка, ребалансот на буџетот како и други акти од оваа област;
  • врши сметководствени работи;
  • врши управување, следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средств на органот утврдени со буџетот;
  • врши подготовка, извршување и известување за извршување на буџетот на општината;
  • врши пресметка на придонеси и даноци;
  • се грижи за правилно утврдување и проценка на сите видови на данок на промет на недвижности и правата за наследство и подарок;
  • врши изготвување на решенија за утврдениот данок;
  • вспроведување на ex-ante  и  ex-post  финансиска контрола;
  • врши изготвување на финансиски план за извршување на буџетот  (месечен, квартален и годишен) за субјектот, органите и единките корисници на субјектот;
  • врши следење и остварување на приходите и извршувањето на трошоците на субјектот;
  • врши сметководствено евидентирање за извршувањето на буџетот и подготовка на годишната сметка;
  • во подготвува Годишниот финансиски извештај согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола;
  • врши благајничко работење;
  • врши подготовка, примање, ликвидирање и контрола на сметководствената евиденција;
  • врши пресметка и исплата на платите на вработените, боледувањата и другите отсуства на вработените;
  • врши други работи од областа на финансиското управување и контрола; и
  • врши и други работи утврдени со закон и други прописи, статутот и актите на Советот и Градоначалникот

Контакт информации:

Општина Вевчани, Вевчани бб, 6335 Вевчани, 

jasmina.p@vevcani.gov.mk, novica.k@vevcani.gov.mk, zorica.kd@vevcani.gov.mk  

Тел: +389 (0) 46 784 640  Факс: + 389 46 784 641 

Одделение за поддршка на Градоначалникот и Советот

  • ја организира работата на Градоначалникототот;
  • подготвува програми, извештаи и други материјали за потребите на Градоначалникототот;
  • ги организира средбите и состаноците на Градоначалникот;
  • дава организациска поддршка на работата на Градоначалникот;
  • ги организира средбите и состаноците на Градоначалникото;
  • ги подготвува материјалите за состаноците на Градоначалникот;
  • Врши стручни работи за Советот и Градоначалникот;
  • ги координира активностите за односи со јавноста;
  • ја остварува комуникацијата со медиумите во однос на активностите на органите на општината;
  • организира прес-конференции, брифинзи и интервјуа за новинарите со Градоначалникот;
  • врши протокуларни при организација на настани;
  • врши одржување на оперативниот систем, системот на управување со бази на податоци, апликативен софтвер, ја инсталира, проверува и одржува опремата;
  • врши ажурирање на Веб страната на општината;
  • ги изготвува одлуките и другите општи и поединечни акти од надлежност на Советот и Градоначалникот
  • ги подготвува седниците на Советот, како и седниците на неговите комисии
  • дава организациска поддршка на работата на Советот на општината;
  • врши компјутерска обработка на материјалите за седниците на Советот, комисиите и другите работни тела на Советот на општината;
  • го подготвува службениот гласник на општината; и

врши и други работи утврдени со закон и други прописи, статутот и актите на Советот и Градоначалникот.

Контакт информации:

Општина Вевчани, Вевчани бб, 6335 Вевчани, 

gjorgji.v@vevcani.gov.mk,  

Тел: +389 (0) 46 784 640  Факс: + 389 46 784 641 

Одделение за локален економски развој и туризам

  • врши работи за планирање на локалниот економски развој;
  • врши студиско-аналитички, стручно-оперативни работи од областа на локалниот економски развој;
  • предлага развојни и структурни приоритети на општината, предлага мерки и активности за водење на локалната економска политика, развојот на малите и средните претријатија и претриемништвото;
  • се грижи за развојот  и исполнувањето на законските обврски од надлежноста на општината во сферата на занаетчиството, угостителството, туризмот и трговијат;
  • остварува меѓународна и меѓународна соработка за потребите на општината;
  • остварува соработка со бизнис секторот, јавниот сектор и НВО секторот;
  • врши подготовока на проекти и аплицира со проекти пред домашни и странски донатори:
  • врши подготовка на стратегијата за развој на туризмот и годишни програми за развој на туризмот во општина Вевчани;
  • предлага мерки и иницира активности и проекти за развој и поттикнување на алтернативниот и културниот туризам;
  • предлага мерки за подобрување на условите за престој на туристите во општина Вевчани и туристичко пропагандно информирање; и
  • врши и други работи утврдени со закон и други прописи, статутот и актите на Советот и Градоначалникот.

 

Контакт информации:

Општина Вевчани, Вевчани бб, 6335 Вевчани, 

opstinavevcani@gmail.com   

Тел: +389 (0) 46 784 640  Факс: + 389 46 784 641

Одделение за урбанизам и комунални дејности

  • врши следење и примена на закони и други подзаконски акти од областа на урбанизмот и комуналните дејности;
  • врши активности за урбанистичко (урбано и рурално) планирање – изработка, следење, спроведување на постапка за донесување на урбанистички планови;
  • подготвува акти, стручно-аналитички и други материјали од областа на урбанизмот и прсторното планирање;
  • подготвува согласности за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на општината;
  • врши издавање на изводи од урбанистички планови;
  • врши издавање на одобренија за градба на објекти од локално значење;
  • се грижи за уредување на просторот и уредување на градежното земјиште;
  • превзема мерки и активности за  изготвување и реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште;
  • го координира процесот на изработка на Генералниот Урбанистички План на општината;
  • се грижи за јавното осветлување на подрачјето на општината;
  • ги следи состојбите со локалните улици и патишта, нивната изградба, реконструкција, заштита и одржување;
  • врши работи на издавање лиценци и дозволи за превоз на патници;
  • се грижи за состојбата со јавното зеленило, јавните чешми и фонтани, комуналната опрема поставена по улиците и на другите јавни површини;
  • изготвува планови за дезинсекција, дезинфекција и дератизација и се грижи за нивно спроведување; и
  • врши и други работи утврдени со закон и други прописи, статутот и актите на Советот и Градоначалникот.

Контакт информации:

Општина Вевчани, Вевчани бб, 6335 Вевчани, 

natalija.kd@vevcani.gov.mk       ljupco.k@vevcani.gov.mk

Тел: +389 (0) 46 784 640  Факс: + 389 46 784 641 

Одделение за животна средина и управување со

 Споменикот на природата “Вевчански  извори“

  • врши следење и примена на законите и прописите од областа на животната средина;
  • донесува мерки за заштита и спречување на загадувањето на животната средина и природата;
  • води постапка за  издавање на интегрирани дозволи и спроведување на законите од областа на животната средина;
  • ја координира изработката  и превзема активности за изработка на планот и програмата за управување со Споменикот на природата “Вевчански извори“
  • го чува, одржува и управува со Споменикот на природата “Вевчански извори“ согласно законски прописи и подзаконски акти;
  • превзема заштитни и други мерки за зачувување на Споменикот на природата “Вевчански извори“; и
  • врши и други работи утврдени со закон и други прописи, статутот и актите на Советот и Градоначалникот

Контакт информации:

Општина Вевчани, Вевчани бб, 6335 Вевчани, 

natalija.kd@vevcani.gov.mk       ljupco.k@vevcani.gov.mk

Тел: +389 (0) 46 784 640  Факс: + 389 46 784 641 

Одделение за внатрешна ревизија

  • ја изработува годишната програма за работа на одделението;
  • врши оценка на значајните фактори на ризик и дава Совети за намалување на факторите на ризикот;
  • врши анализи во работењето на системот за финансиско управување и контрола;
  • проверка на точноста, комплетноста и законитоста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи на субјектот;
  • ја оценува економичноста, ефективноста и ефикасноста во работењето на системот за финансиско управување и контрола и дава препораки за добро работење;
  • ја утврдува и оценува усогласеноста на работењето со законите, подзаконските акти и интерните акти на одделението;
  • давање препораки за подобрување на работењето и работните процедури на субјектот, изготвување и донесување на стратешки и годишен план за внатрешна ревизија врз основа на објективна проценка на ризик, извршување на поединечни внатрешни ревизии согласно со усвоените ревизорски планови и следење на нивното спроведување;
  • врши подготовка на квартални и годишни извештаи за работењето на внатрешната ревизија;
  • превземање мерка за супервизија на квалитетот на работењето преку увид на лице место во документацијата; и
  • врши и други работи утврдени со закон и други прописи, статутот и актите на Советот и Градоначалникот.

 

Контакт информации:

Општина Вевчани, Вевчани бб, 6335 Вевчани, 

opstinavevcani@gmail.com   

Тел: +389 (0) 46 784 640  Факс: + 389 46 784 641 

Одделение за инспекциски надзор

  • врши инспекциски надзор и контрола на спроведувањето на законските прописи од областа на комуналните дејности;
  • врши инспекциски надзор и контрола на спроведувањето на законските прописи од областа на општинските даноци и такси;
  • врши инспекциски надзор и контрола на спроведувањето на законските прописи од областа на градежништвото и урбанистичкото планирање;
  • врши инспекциски надзор и контрола на спроведувањето на законските прописи од областа на патниот сообраќај;
  • врши инспекциски надзор и контрола на спроведувањето на законските прописи од областа на животната средина; и
  • врши и други работи утврдени со закон и други прописи, статутот и актите на Советот и Градоначалникот;

Контакт информации:

Општина Вевчани, Вевчани бб, 6335 Вевчани, 

natalija.kd@vevcani.gov.mk      

Тел: +389 (0) 46 784 640  Факс: + 389 46 784 641