ОБРАЗОВАНИЕ

Образование

Предучилишното образование

Предучилишната образовно воспитна дејниост се обавува преку установата за предучилишно образование како и во посебни паралелки за деца од помала возраст. Во населбата Вевчани постои еден објект за предучилишно воспитување на деца.Објектот е релативнио нов и граден по важечките педагошки  прописи. Во објектот за предучилишно образование се сместени следните групи на деца:

-првачиња-26

-предучилишен дел-18

-јаслен дел-10

Има вкупно 4 вработени лица.

површина на објектот

површина на парцелата

број на деца

м/2дете изграден простор

м/2дете вкупен простор

900

2000

54

16,66

37,03

Податоците се од 2008 година

Основното образование

Образовниот процес во општина Вевчани се одвива во Основното училиште “Страшо Пинџур” кое опфаќа  227 законски обврзници и 25 вработени. Има 18 паралелки во кој се опфатени деца од 6-14 години. Наставата се одвива во зградата на општината, бидејќи досегашната зграда не одговара на современите педагошки нормативи и нема услови за одвивање на наставниот процес.

 

ОУ Страшо Пинџур


ОУ Страшо Пинџур
Дејноста образование во Вевчани се одвива во Општинското Основно Училиште "Страшо Пинџур". Опфаќа 250 законски обврзници и 30 вработени. Официјално, основното образование започна во 1835 година.
Во 1834 година, Вевчани се изборило за дозвола од турските власти за изградба на црква и отворање црковно училиште. Работело во ајатите на Долна црква. Првите учители требало децата да ги учат на грчки јазик, но ја користеле само грчката азбука, а со децата работеле на народен македонски јазик. Биле плаќани во натура од самото население, најчесто со жито.

Во 1868 година изградена е училишна зграда во дворот на Црквата "Свети Никола" (две поголеми училници и една канцеларија).
Вевчани кон крајот на XIX век станува се поинтересна зона на сите пропаганди (грчка, српска, бугарска), а училиштето - најсилно средство со кое треба да се однародува, денационализира и очисти македонското, најмилото, од детското срце.

Така и јазикот во вевчанското училиште се менувал:

- Од грчки на бугарски во шеесеттите години од 19 век

- Во 1896 година се учело на српски јазик

- Од 1897 до 1909 година на бугарски јазик

- До 1941 година српски јазик

Интересно е да се забележи и податокот дека во учебната 1890/91 година во Вевчани до 1898/99 година работи женското училиште "Надежда".

А од 1890 до 1909 година во Вевчани работи и забавиште. Во учебната 1902/03 година е направен обид за гимназиско образование во Вевчани. Се запишале 4 ученици кои го завршиле првиот клас и ги изучувале наставните предмети: божји закон, народен јазик, француски јазик, турски јазик, аритеметика, геометрија, географија, општа историја, зоологија, пеење, цртање, краснопис и фискултура.
Многу учители во вевчанското училиште во овој период отстапувале од пропагандните цели за кои биле поставени и делувале како апостоли во будење на културното и националното осознавање и просветно издигнување на населението (Аргир Маринов, Клија Самарџиева, Деспина Василева).
Мешовитото егзархиско училиште "Свети Спас" од програмски и педагошки аспект било добро организирано, со наставен план, наставна програма, а црковно - училишниот одбор се грижел за сите училишни проблеми и воопшто за работата на училиштето.

Од 1980 година до 1909 година учителите се исклучиво од Вевчани. Училишната зграда станува претесна за учениците, затоа се учело и во "магазата" на Ставре Попоски. Тоа било причина Вевчани во 1931 година да изгради нова училишна зграда (денешната зграда на Здравствениот дом) која за време на војната е опустошена и онеспособена да ја обавува својата функција подоцна во слободата.

Во октомври 1944 година - слободен македонски збор, писмо и песна во вевчанското училиште, но повторно во црковната стара школа и приватна стара куќа.
Во февруари 1945 година го добива името на народниот херој - Страшо Пинџур.
Во 1947 и 1948 година, вевчанци со свои средства и доброволна работна рака повторно им изградија велелепна училишна зграда на своите деца.
И денес наставата се одвива во тој објект кој и покрај постојаната грижа на учителите да го оддржуваат, реновираат - откажува и претставува опасност за безбедноста на сите учесници во процесот на настава, а просторната ограниченост ја кочи дејноста што отсекогаш била света за луѓето во Вевчани. Го кочи стремежот за одот напред - редовно присутен во Вевчанското училиште, кое:

- во 1957/58 учебна година како едно од петте експериментални училишта во Македонија за реформирана настава ја добива првата републичка награда;

-во учебната 1985/86 година добива (општинска) Осмоноемвриска награда;

-во учебната 1992/93 година е прогласено за најдобро основно училиште во Македонија, од страна на Синдикатот на просветните работници, а по предлог на Педагошкиот завод на Македонија.

Успесите, растежот на училиштето во Вевчани е незапирлив и безграничен процес. Секоја учебна година се поставува цел - што треба да се постигне и на кој начин.
Стратегијата на училиштето е создавање на ефикасно модерно училиште, со:

- ученикот како централна точка ставен во активна позиција и со почитување на индивидуалните разлики;

- наставникот како планер, дизајнер, осмислувач на воспитно - образовниот процес;

- целосна компјутеризација на наставата;

- со валоризација на воспитната функција;

- со истражувачки проекти;

- со влез на иновации;

- со отворени врати за родителите;

Примената на современи наставни форми и методи резултира трајни, применливи знаења кај учениците кои без ислучок со успех го продолжуваат и завршуваат средното училиште, а потоа многумина и факултети. Образовани, трудољубиви и чесни, му се враќаат на Вевчани, способни со своите знаења со сигурност да чекорат во животот и да ги решат проблемите на кои наидуваат.
Десетици и десетици лекари, инженери, професори и разни други високообразовни профили се гордоста на ова училиште што им ги поставило здравите темели за креативност, индивидуална надградба и високи морални вредности.