СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

ЈОУДДГ Планински Цвет Вевчани


 

 

Јавната установа за деца, Детска градинка Планински цвет - Вевчани е основана во Мај 1979 година. Објектот располага со корисна површина од 720 м2 и дворна површина од 1500 м2. Детската градинка Планиснски цвет Вевчани започнала да работит во Мај 1979 година како клон на  ЈУДГ 8 Март Струга. Во текот на 2010 година започна постапка за и осамостојување на ЈУДГ Планински цвет како посебен правен субјект. Со одлука на Советот на општина Вевчани донесена 08.05.2010 година се основа посебен правен субјект со назив Јавна установа, Детска градинка Планински цвет Вевчани како посебна самостојна градинка во Вевчани.

Објектот располага со  4 занимални простории, една кујна и друг помошен простор. Во градинката се вработени 5 лица кои секојдневно ги извршуваат неопходните активности за нејзино успешно функционирање.

Основната дејност на градинката е згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст  која се остварува преку згрижување, престој,  нега, исхрана, воспитување, образование, спортско-рекреативни и културно-забавни активности. Исто така во градинката се обавуваат активности за подобрување и зачувување на здравјето и поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, менталниот, физичкиот  развој на децата до 6 годишна возраст, односно, до нивното поаѓање на училиште.

Сите наведени активности се обавуваат во едни оптимални услови со целосна посветеност на персоналот врабоптен во градинката.

Децата се поделени во три групи и тоа:
 

  1. јасли
  2. полудневен престој (со 2 оброци)
  3. целодневен престој ( со 3 оброци)

Покрај воспитно-образовниот процес се организираат и неколку активности и прослави по повод Доаѓањето на есентта, Дочек на нова година, Денот на мајката, Патронатот на градинката на 8 Мај и сл. континуирано се организираат и прошетки, посети и екскурзии.

Постојано се работи на проекти и се превземаат активности за подобрување на условите за престој во градинката и осовременување на истата.