КУЛТУРА

 

 

Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“

Цел на овој проект е секоја година да се собираат еминентни уметници од балканските и карневалските градови со кои соработува Вевчанскиот карневал, инспирирани од убавините на Вевчани и неговите извори да создаваат уметнички дела кои ќе придонесат за меѓусебно запознавање и зближување.

 

 

 

Природните ресурси и локалитетите со кои изобилува Вевчани, Вевчанските извори – споменик на природата, богатото културно наследство преставуваат неповторлива инспирација за творење на ликовните уметници кои учествуваат на Колонијата

 

 

Културна манифестација "Топол културен бран"

       Под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија секоја година за време на летниот период се одржуваат низа културни манифестации низ територијата на Република Македонија во рамките на проектот "Топол културен бран". Општина Вевчани континуирано учествува во овој проект организирајќи неколку културни манифестации кои имаат за цел да придонесат до збогатување на културно забавниот живот на граѓаните на Вевчани, но и да се збогати туристичката понуда на Вевчани во летниот период кое е посетувано од голем борој на домашни и странски туристи. За таа цел секоја година се организираат културно уметнички програми, монодрами, театарски претстави, детски забавни фестивали и други активности кои ќе продожат да се организираат и во иднина

Меѓународен фолклорен фестивал ,, Пображење “ Вевчани

Меѓународниот фолклорен фестивал ,, Пображење“ Вевчани е во организација на Културно уметничкото друштво ,,Дримкол“ од Вевчани.

Овој фестивал има посебно значење за организаторот и општината, со оглед дека е во насока на збогатување на културниот живот во населбата. Преку овој фестивал се развива и негува фолклорната традиција во државата, а истовремено представува и одличен придонес во зголемувањето на туристичката понуда во Вевчани. Вевчани со векови го негува и презентира фолклорното творештво на македонскиот народ. Учестници на фестивалот се еминентни фолклорни ансамбли од земјава и странство. Фестивалот се случува во пресрет на Вевчанската слава Преображение Христово од каде и доаѓа името на фестивалот.

 

Културно Уметничко Друштво  КУД ,, Дримкол“ Вевчани

Културно уметничкото друштво "Дримкол"од Вевчани во своето долгогодишно постоење има оставено свој белег во македонската културна историја.

Формирано е во 1979 година како здружение на граѓани во кое здружение се здружуваат љубовта, желбата и ентузијазмот кон фолклорот на многу млади луѓе во Вевчани.

Од тогаш до денес активно и успешно работи на негување, развивање и презентирање на сценско уметничките дејности, со посебен акцент и внимание кон фолклорната дејност. Како национално богатство на Р.Македонија ова културно уметничко друштво се афирмира себеси,и ја афирмира нашата држава онака како што се очекува,квалитетно и достоинствено, а како доказ се освоени дипломи, награди и признанија на домашни и сртански фестивали.

 

Богатата изворна Вевчанска носија,изворните инструменти, изворните кореографии од Вевчанското поднебје го прават ова друштво едно и единствено, различно од сите други во Македонија. Но покрај изворниот фолклор, на репертоарот на ова друштво се наоѓаат и кореогравски обработки од сите играорни подрачја на нашата држава (источно, западно, централно, јужно), а за нивна презентација ова друштво располага и со соодветна носија од горе споменатите региони.

Квалитетното озбилно и "професионално работење на КУД "Дримкол", предизвикува големо внимание кај младите во Вевчани, ја зголемува желбата и љубовта кон уметноста кај нив овозможува постојано да расте бројот на членови, а тој број денес изнесува 135 активни членови на возраст од 7 до 35 години.

Покрај редовно учество на домашните фолклорни фестивали: Балкански фестивал -Охрид; Илинденски денови -Битола; Оро без граници -Скопје; КУД "Дримкол"има учествувано и на фолклорни фестивали во странство и тоа:

Хрватска - 1979,1980,1982,1987 година; Србија и Црна Гора- 1981,1997,2000,2001,2002,2003 година; Германија - 1990 год;Полска - 1993,1995 год; Турција - 1994,1997,1998 год; Бугарија - 1992,1997 год; Египет- 2002 год; Сардинија-Италија - 2003 год.

Во склоп на КУД "Дримкол"Вевчани работи и аматерската театарска група Патувачкиот театар "Поклонисе и падни" лој обработува и поставува на сцена драмски текстови врз основа на Вевчанскиот немирен дух, а со тоа ја продолжува театарската традиција во Вевчани која датира од 1936 год.

КУД "Дримкол"како високо квалитетна културна институција во Вевчани, дава огромен придонес за развој на македонската култура и традиција.

Новогодишниот концерт на Културно уметничкото друштво ,,Дримкол“ се одржува традиционално секоја година во предвечерието на познатиот Вевчански карневал. Во него учествуваат ансамблите на КУД ,,Дримкол“ кои квалитетно и достоинствено го презентираат фолклорното богатство на македонскиот народ преку богатата носија, изворните инструменти и разните кореографии од сите играорни подрачја на нашата држава.КУД ,, Дримкол“ преку овој концертпредизвикува големо внимание кај сите генерации во Вевчани и има оставено траен белег во Вевчанскота култура и традиција.

 

БИБЛИОТЕКА "М-Р РИСТО ПОПЕСКИ" ВЕВЧАНИ

Библиотеката со читалиште "Свети Василије" е формирана на 16 февруари 1935 година, со 345 книги подарок од локалното население. Библиотеката меѓу двете светски војни била место каде што се сретнувале напредните вевчанци и се вкрстувале нивните идеи. Затоа Библиотеката постојано била предмет на опсервација од "будното око" на власта. И по Втората светска војна долго време Библиотеката беше дислоцирана како место во кое вевчанци подаруваа, позајмуваа и читаа книги, се промовираше прикажувањето на филмови во киното, а начитаните разменуваа и најнеобични, слободарски и "еретички" идеи.

Библиотеката е на патот да го врати стариот сјај и денес го носи името на знаменитот вевчанец м -р Ристо Попески, прерано починат научен истражувач. Посебна заслужност за зголемувањето на книжниот фонд на библиотеката има Ристо Попески кој  има дониарно 3200 книги.

Во 1936 година од страна на формираната драмска секција (воглавно од членови на билиотеката), за прв пат на македонски јазик е поставена и изведена во Вевчани и во Струга драмата “Печалбари“  од Антон Панов во која сите улоги ги играле машки актери.

Во 1963 година, библиотеката во Вевчани станува подрачна библиотека на Културно образовната установа, Национална библиотека “Браќа Миладоновци“  од Струга. 

Библиотеката низ годините се преселувала  во различни простории, а денес е сместена во својата  матична зграда  Домот на културата во Вевчани. Сегашниот книжен фонд изнесува околу 16.000 книги. Со донација на Националната библиотека, Универзитетска библиотека “ Св. Климент Охридски“ - Битола во 2010 зголемен е книжниот фонд за околу 600 книги меѓу кои и  книги на познати светски автори и стручни преводи како дел од владиниот проект “ Превод на 100 стручни книги од реномирани светски автори“.

 

Августовски сеќавања

 Во сеќавање на познатиот Вевчански случај 1987 година кога тогашната власт имала намера да ја каптира водата од Вевчанските извори и истата да ја однесе до елитната населба Елен Камен каде што се наоѓале вилите на тогашните челници, секоја година општината во текот на летниот период во траење од неколку дена организира разновидна културна програма. Во текот на деновите 07 и 08 Август се организира неколку културни настани кои имаат за цел да придонесат кон збогатување на културно забавниот живот на жителите на општина Вевчани и сите посетители кои во моментот го посетуваат Вевчани.

Ваквите настани ја надополнуваат туристичката понуда на Вевчани како една од водечките стопански гранки. Во рамките на оваа културна манифестација се ораганизира различна програма која вклучува културно уметнички програми, монодрами, театарски престави, детски забавни фестивали и други активности кои ќе продолжат да се организираат и во иднина. Дел од овие културни настани имаат и меѓународен карактер поради учеството на културно уметнички групи и индивидуални културни уметници од странство. Посебен интерес привлекуваат театарските престави на домашните театри кои своите претстави ги прикажуваат на отворена сцена во центарот на Вевчани и истите се масовно посетени. Покрај тоа се организираат и вечерни коцерти со домашни естрадни уметници, детски фестивали и други содржини со цел да се задоволаат потребите и интересите на различните возрасни групи.