СПОРТ

Спортот и физичката култура како цивилизациски придобивки претставуваат моќно средство за човековиот развој. Физичкото образование и практикување на спортот во развојниот период на човекот се природна потреба за негов нормален и психофизички развој и за спречување на појавата на телесни деформации. За таа цел, општина Вевчани е силно фокусирана кој создавање на услови за спортување на младите и во таа насока се реализира долгогодишен проект за изградба на спортско училишен комплкес во Вевчани.

 

Тениско игралиште Вевчани

Во непосредна близина на новата училишна зграда во рамките на спортско училишниот комплекс изградено е ново тениско игралиште  и формиран е тениски клуб. Изградбата на тениското игралиште беше дел од проектот на Владата на Република Македонија  “Изградба на 100 тениски игралишта“ кој се спроведува преку Агенцијата за млади и спорт. Со реализацијата на овој проект младите од Вевчани добија можност за практикување на овој спорт на висококвалитетно игралиште кое одговара на светски стандарди за тениски игралишта од таков тип.

 

Спортска сала Вевчани

Еден од позначајните спортски објекти кои ќе за подобрат спортската инфрасктруктура во Вевчани е изградбата на спортската сала со капацитет од 500 седишта која е во тек. Се очекува во крајот на 2014 година истата да биде во целост завршена и пуштена во употреба. Со изградбата на овој објект ќе се озвоможат услови за формирање на најразлични спортски клубови со кој младите од Вевчани ќе добијат можност за тренирање во рамките на својата општина. Исто така овој објект ќе служи за организирање на различни видови спортско рекреативни  и други настани за потребите на локалното население.

 

Изградба на повеќенаменско игралиште

Во рамките на спортско училишниот комлекс планирана е изградба повеќенаменско игралиште од отворен тип. Ова игралиште ќе биде ставено на располагање на сите граѓани за спортување, рекреација и натпреварување. Со оглед на квалитетот на ваквите игралишта и опремата со кое ќе располага истото ќе може да се користи деноноќно и ќе претставува место за собирање и дружење на младите генерации како основа за создавање  здрава младина. Рзвивањето на спортскиот и рекреативниот дух кај младите е одлична превентива од пороците на модерното живеење.