Реализиран Проект - Порта Вевчани

ПОРТА ВЕВЧАНИ

Со донација на градежната компанија ВИА ДОО од Вевчани изградена е “ПОРТА ВЕВЧАНИ. Објектот се наоѓа на влезот од Вевчани во местото викано “Суво Поле“. Овој објект е нов симбол на општина Вевчани и претставува туристички патоказ до општина Вевчани на патниот правец Струга – Дебар. Портата е во целост осветлена со канделабри и го разубавува влезот на Вевчани.

Со самата  изградба портата ја зголеми туристичката понуда  и се наметна како значаен туристички белег на општина Вевчани. Изградбата на овој објект е дел од проектите на локалната самоуправа за зголемување на бројот на туристите во Вевчани.