Реализиран Проект - Изградба, реконструкција и рехабилитација на локални улици

Изградба, реконструкција и рехабилитација на локални улици

Како дел од годишната програма за уредување, поплочување и рехабилитација на локални улици во Вевчани, континуирано се превземаат градежни активности со кои се подобрува инфраструктурата на територијата на општина Вевчани.

Во изминатиот период беа извршени уредувања, поплочувања и асфалтирање на неколку локални улици. Се изврши уредување и поплочување на локалните улички “Дузлеј“, “Дејкој“ и “Бебекој“. Комплетно е изградена и асфалтирана новата улица “Млака“.  Се изгради и асфалтира пристапната улица до  новата училишна зграда  на ОУ Страшо Пинџур.

Изградбата, реконструкцијата и рехабилитацијата на локалните улици на  територијата на општина Вевчани ќе продолжи и во иднина како дел од годишните програми на локалната самоуправа.