Реализиран Проект - Изградена улицата ,,Св. Варвара - Бебек Фарм“

Изградба на локална улица “Св. Варвара – Бебек Фарм“

 

Со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на општина Вевчани, подобрување на пристапот и олеснување на функционирањето на приватната компанија Бебек Фарм општина Вевчани го реализира проектот  за Изградба на локална улица “Св. Варвара – Бебек Фарм“ во Вевчани.

Овој проект се реализира со финансиска поммош  на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за  2013 година за прифатливиот трошок на инвестицијата без ДДВ, како и средства од буџетот на општина Вевчани во висина износот на ДДВ. Изградбата на оваа локална улица е дел од активностите предвидени во програмата за изградба или реконструкција на улици со вкупна должина до 1 километар.