Реализиран Проект - Реконструкција на мостовите на Вевчанска река

Реконструкција на мостовите на Вевчанска река

 

Со средства од буџетот на општина Вевчани се изврши реконструкција на мостовите на Вевчанска река. Изработена е заштитна ограда од камен и комплетно се осветлени двата мостови, “Пешинци“ и “Аврамој“. Со реализацијата на оваа активност целосно се разубавија мостовите и се зголеми сигурноста при движењето на граѓаните, учениците од основното училиште и децата од детската градинка.