Реализиран Проект - ООУ Страшо Пинџур Вевчани
Нова училишна заграда за Основното општинско училиште ООУ “Страшо Пинџур“ Вевчани
Со почеток на новата учебна година 2013/2014 година се пушти во употреба новата училишна зрада на основното општинско училиште ООУ “Страшо Пинџур“ Вевчани. Новиот објект, со карактеристична вевчанска архитектура, зафаќа 2.450 метри квадратни и има капацитет за сместување на повеќе од 300 ученици во една смена. Располага со 18 училници и кабинети, придружни простории, канцеларии високосовремена кујна, како и сопствено парно греење.
Вредноста на објектот е приблино 65 милиони денари од кои 62 милиони се обезбедени од Буџетот на МОН, а три милиони за целосно опремување се донација на АД МЕПСО. Покрај изградбата на училишната зграда, партерно е уреден и дворот на училиштето и изграден е пристапниот пат. По изградбата на спортската сала која се гради непосредно до училиштето ќе се реализира проект за партерно уредување на целокупниот простор во спортско образовниот комплекс.