Јанков Камен

Преглед

  • Назив: Јанков Камен
  • Категорија: Природни убавини

Рејтинг

од 2321
Популарност

Прегледи

1207

Јанков Камен

Опис на Локалитетот

Излетничкото место  Јанков Камен  се наоѓа на планината Јабланица на надморска висина од  1300 метри со вкупната површина од изнесува 15.000м 2 .   Во местото постои  вештачко езерце кое му дава посебна убавина  и можност за развивање на рекреативен туризам.  Ова излетничко место е секојдневно посетено од бројни жителите на општината, и бројни домашни и странски гости. Бидејќи на самото место има и ловџиска  куќа која е под надлежност на Општината таа им стои на располагање на  жителите од општината и на сите љубители на овој спорт. Од центарот на Вевчани до излетничкото место има околу 4 км. За да се стигне до  местото има неколку начини, односно постојатн повеќе планински патеки по кои се стигнува со пешачење за време од 30-45 минути  и еден асфалтиран пат по кој се стигнува со пешачење  за исто толкаво време а  со автомобил возењето трае околу 10 минути.  Сите љубители на велосипедскиот спорт до овој локалитет можат да се стигне и со велосипед по асфалтираниот пат .

                                                                                                     

Постои една легенда која се прераскажува во две варијанти, како овој топоним и простор го добива своето име. Според едната варијанта, младото момче – овчар Јанко, бил познат во околината како многу силен јунак, кој во борењето ги победувал сите свои ривали. Ова го слушнал еден насилник, кој што дошол да го види јунакот за кого слушал приказни кои ја величеле неговата слава во борење. Во борењето насилникот бил победен, а Јанко останал непобеден и славен, за кого уште повеќе се зборувало. Неможејќи да го издржи поразот,  насилникот,  во вториот обид да се договори за ново борење, го убил на подмолен начин овчарот Јанко и го закопал под големиот камен што се наоѓа во просторот. Според  втората варијанта, храброто момче – овчарот Јанко, на налетот од една качаничка банда да му ги земат овците, одговорил со такво јунаштво, што не го очекувале насилниците. Но, Јанко во одбрана на стадото ја платил со својата глава, а во знак на почит кон неговата храброст, насилниците го закопале под големиот камен што се наоѓа во просторот. Така, по неговото име е наречена месноста, а едно вевчанско семејство, ја гледа ливадата заедно со големиот камен. Семејството на далечниот претец неговото име го носи како презиме – Јанкоски... 

                                                                                                                                  

Локалитетот е распространет на голема тревна и шумска површина со тоа се овозможува присуство на поголем број групи на туристи , а вештачкото езерце му дава посебна убавина бидејќи  истото се полни со природна вода која  поминува низ самиот простор. Ловната куќа е изграден од камен и е убаво уредена,  внатре поседува соби за ноќевање што е исто така, голема предност на овој локалитет. На повеќе места во локалитетот има поставени скари и  клупи кои сите посетители или локалното население можат да ги користат. Друга особено важна карактеристика е географската положба на ова место, бидејќи патот  што води до него,  се поврзува со викенд населбата Горна Белица.  Таа е  доста позната и посетена населба, до која се стигнува и преку  Вевчани и обратно, со што посетителите  имаат можност да застанат и кај Јанков Камен. Друга предност што ја поседува овој туристички локалитет е асфалтираниот пат, кој води до ова  излетничко место.