Свети Спас - долни - Бела Плоча

Преглед

  • Назив: Свети Спас - долни - Бела Плоча
  • Категорија: Природни убавини

Рејтинг

од 2321
Популарност

Прегледи

946

Манастир  Свети  Спас  долни- Бела Плоча

Опис на Локалитетот

Овој туристички локалитет се наоѓа на влезот од Вевчани, односно на самиот пат пред да стигнете до центарот на Вевчани. Овој манастир го добил денешниот изглед во период од 20 октомври 1985 до лето 1989 година. Според преданието постоењето на овој манастир датира од стари времиња, а околу манастирот има  простор кој е уреден со клупи за седење, има електрична енергија  и вода.

За овој локалитет – топоним, постои легенда според која тука имало голема мермерна плоча сета во бела боја. Под неа, населението за време на празниците во текот на целата година, палело свеќи, се крстеле и си посакувале здравје и бериќет. Меѓутоа, насилници од соседното село, посакале да ја земат мермерната плоча и да ја однеста во своето село. За таа цел, донесле волови и на дрвена кола се обиделе да ја грабнат плочата. Но, тоа неможеле да го направат и покрај тоа што биле повеќемина. Помислисе дека треба да ангажираат  наместо еден, сега два пара волови, па и со тоа не успеале да ја помрднат плочата, па впрегнале три рала волови и пак, ништо, така што бројот на волови се покачил на осум, па на десет... И, плочата тргнала под јачината на запрегата, на што се израдувале насилниците и неверниците. Но, само што одминале воловите десетина метри и престанале, не мрднувале тие,  ниту пак, се помрднувала камената плоча. Дури тогаш сватиле дека станува збор за господова работа, односно дека Господ Бог не им дава да ја украдат вевчанската бела плоча. Истата повторно била вратена на своето место, каде што вевчанци продолжиле да палат свеќи  и да бараат благослов... во подоцнежниот период, на тоа место е изграден манастирот, кој што во знак на почит кон манастирот кој што се наоѓа во пазувите на планината Јабланица, го именувале – крстиле со истото име Свети Спас, зошто многумина од населбата, според верувањето, нашле спас од невлјите што ги навјасале.  

За овој локалитет важи верувањето на вевчанци  во моќта на манастирот, неговата блажена духовност и постојаното верување и изјавување  при влегување  и излегување во и од Вевчани. Имено, секој којшто влегува во Вевчани треба да рече “ Личен Свети Спас, како што ме пречеквиш, така и да ме попратиш” и обратно “Личен Свети Спас, како што ме попрашташ, така и да ме пречекаш” ...