Јавање

Преглед

  • Назив: Јавање
  • Категорија: Туристички активности

Рејтинг

од 2752
Популарност

Прегледи

1117

Јавање

Јавањето претставува посебна туристичка активност во рамките на вевчанската туристичка понуда.  Но, јавањето е посебна туристичка понуда, а со јавање може да се занимаваат не само искусни јавачи, туку и почетници.

Планината Јабланица  со својата питомина и  извонредната  вегетациска структура претставува извонреден простор за ваква активност. Оттука атрактивноста на шумскиот простор на Јабланица е погоден за развој на јавањето како спорт и рекреација. Особено погодни се широко распространетите  простори на ливадите  и пасиштата,  кои се застапени во високите делови од планината.

Шумските пасишта и патеки кои веќе постојат, се основната  претпоставка за започнување  на ваквата дејност. Во  Општина Вевчани постои коњанички клуб  кој поседува повеќе коњи кои туристите  можат да ги  користат за организирано  јавање по  планината  за време на нивниот престој. Уредно обележаните патеки за јавање, деталната мапа за јавање како и професионалната помош. Гоправат јавањето незаборавно задоволство од посетата на Вевчани.

 

Во исто време се врши обука за почетници, кои ќе сакаат да уживаат во коњаничкиот спорт