Вкусот на Вевчанските специјалитети

Преглед

  • Назив: Вкусот на Вевчанските специјалитети
  • Категорија: Туристички активности

Рејтинг

од 2527
Популарност

Прегледи

1335

Со изградбата на неколку ресторани во традиционален вевчански стил, Вевчани се издвои како неодминливо место за организација на деловни, фамилијарни, празнични и свечени настани проследени со оригинални домашни  специјалитети карактеристични за вевчанските ресторани.

Домашните и странските туристи имаат несекојдневна можност да пробаат вевчански специјалитети од органски производи одгледувани во еколошко чисто подрачје. Свинско месо под сач,

вевчанските домашни колбаси – луканци, кашаник, комат, вевчанскиот гулаш, вевчанската тава изготвена со сува пиперка, кромид и домажно свежо месо, локалните сирења, домашната ракија и домашното вино се нераскинлив дел од домашната трпеза во вевчанските ресторани.

Вевчанските специјалитети надополнети со прекрасните природни убавини и препознатливите туристики локалитети претставуваат примамлив туристички пакет за сите домашни и странски туристи.