Планинарење на Јабланица

Преглед

  • Назив: Планинарење на Јабланица
  • Категорија: Туристички активности

Рејтинг

од 2321
Популарност

Прегледи

1066

Планината Јабланица со своите убавини отвора многу можности за развој на регионот во кој се наоѓа Вевчани. Самиот изглед на пределите, богатата биолошна разновидност и секако, културното и историското наследство претставуваат одлична можност за несекојдневно планинарање на планината Јабланица.

Планината Јабланица се наоѓа на запад од Охридското Езеро и од долината на реката Црн Дрим. На Република Македонија и припаѓаат нејзините источни делови, додека западните делови се наоѓаат во Република Албанија. Праволиниската должина на планината во правец север-југ изнесува 45 км.  Нејзината најголема широчина достигнува 25 км. Највисокиот врв на планината Јабланица е Црн Камен кој се наоѓа на 2257м надморска височина. Планината поседува исклучителни геоморфолошки вредности, тревни тераси помалите и поголемите циркови, валови и глацијални одностно леднички езера.

Планината Јабланица претставува значајно растително подрачје заради исклучителна растителна разновидност. Вкупниот број на папрати и слични групи, големосемени и цветни растенија е околу 1250 видови. Досега се регистрирани над 100 видови габи, 86 вида може да се користат за исхрана, додека 22 се отровни. На Јабланица се откриени 107 видови дневни пеперутки, над 130 видови инсекти тркачи, а четири од нив се локални ендемити  најдени само на Јабланица. Исто така, планинарите на Јабланица можат да сретнат и над 40 видови копнени полжави, 13 вида водоземци,  27 вида влечуги, 100 видови птици, 40 вида цицачи, а во поново време податоците укажуваат дека планината Јабланица е многу важен биокоридор за миграција на рисот.

Во комбинација со планинарењето на Јабланица е одличната можност за запознавање на традицијата, културата и обичаите на луѓето кои живаат на нејзините падини. Планинарите имаат можност да ги разгледуваат старите цркви и манастири, да бидат дел од паганските обичаи на Вевчанскиот карневал, да се восхитуваат на традиционалните свадбарски носии, да се нагостат од домашното вино и ракија во прекрасниот амбиент на старата архитектура.

Една од поатрактивните планинарки патеки на Јабланива е патеката “Вевчани – врв Црн Камен – Вишни“. Оваа патека започнува од Вевчанските извори и се искачува преку локалитетот Голина (1700 м.н.в) до Вевчанското езеро од каде се искачува  највисокиот врв на Јабланица – Црн Врв. Оттука, патеката се спушта до локалитетот Крстец (локалитет со висока биолошка разновидност) и продолжува до Горна Белица и крајната дестинација Вишни.

 

Патека “Вевчани – врв Црн Камен – Вишни“

Стартна точка метри надморска висина позиција UTM UPS

Вевчани 904 м, 465553/4565454 UTM 34T

Дестинација метри надморска висина позиција UTM UPS

Вишни 1064 м,  466257/4560359 UTM 34T

Највисока точка во метри надморска висина позиција UTM UPS

врв Црн Камен 2257 м, 459954/4566209 UTM 34T

Вкупна денивиелација

4100 м

Вкупна должина

24,035 м

Просечно време за поминување на патеката

11 часа

Тежина на патеката

Средна кон тешка