Ресторан ПУПИНА КУЌА

Преглед

  • Назив: Ресторан ПУПИНА КУЌА
  • Категорија: Угoстителски објекти

Рејтинг

од 2528
Популарност

Прегледи

1775

Ресторан ПУПИНА КУЌА 

 

Низ старата зачувана дрвена порта што ја крепи со децении авлијата ѕидана од скромните, но вредни домаќини ќе влезете во целосно обновената спомен куќа на светски познатиот научник Михајло Пупин, што е комбинација на сместувачко-угостителски објект и музејска поставка за животот и за делото на исклучителниот научник.

Сместен во централното подрачје на Вевчани, угостителскиот објект “Пупина Куќа“ нуди најразлични специјалитети за појадок, ручек, вечера, кафе и пијалоци за пријатни моменти со вашите пријатели.

Со адаптирање на сегашната корисна површина од преку 140 квадратни метри, во приземјето има мала кујна, ресторан, рецепција и негова спомен-соба

Денес реновирана со зачувани елементи на камен и дрво, дрвена порта, скалила од костеново дрво и соби со автентичен мебел и покуќнина, освен што е удобно одмаралиште, истата е историско катче кое ја чува и претставува вистинската приказна за семејството Пупин.