РЕСТОРАН КУТМИЧЕВИЦА

Преглед

  • Назив: РЕСТОРАН КУТМИЧЕВИЦА
  • Категорија: Угoстителски објекти

Рејтинг

од 2146
Популарност

Прегледи

2146

Ресторан “КУТМИЧЕВИЦА“ 

Ресторан „Кутмичевица“се наоѓа на прекрасна локација во  Вевчани – Република Македонија, опкружен со прекрасна природа, убав и чист воздух, уредени патеки за прошетка и рекреација и уште многу други убавини. Во ресторанот можете да уживате во убавиот амбиент и убавите специјалитети приготвени на традиционален македонски начин и сервирани во традиционален прибор за јадење.

Четириесет и девет скалила има најубавата улица во Вевчани – Римпапица. На педесеттата, број 113 се наоѓа Кутмичевица, своевиден одраз на Кадмичевица – Светиклиментовата област од каде светителот оддалеку како на дланка го гледал Белото Езеро и Охрид. Од најубавата тераса во Македонија, широко се отвора погледот на митските вевчански и дримколски простори од Јабланица па се до Пелистер, на сѐ уште сочуваните антички патишта и краците на Виа Сакра, како и на култот поврзан со апостолските мисии на Св. Павле.

                Кутмичевица е етно традиционален ресторан, сместен во реставрирана градба со карактеристична вевчанска архитектура, стара повеќе од 200 години. Автентичните специјалитети, приготвени од домашно произведена храна, послужени во една оригинална рурална сценографија, претставуваат вистинско гастрономско уживање каде гостинот наоѓа спој на природното и духовното вевчанско богатство. Секое добредојде во Кутмичевица е кажано пријателски од срце и со отворена душа, а кафето испиено овде е духовна храна.

Ресторанот располага со капацитет од 60 места во внатрешниот дел и 30 места на терасата која се карактеризира по единствениот поглед. Во склоп на ресторанот има два апартмани во вевчански традиционален ентериер, надополнет со сите стандарди потребни за удобен престој на гостите.

КУТМИЧЕВИЦА – Место каде глетката и задоволството немаат граници !!!