Голина - Вевчанска локва

Преглед

  • Назив: Голина - Вевчанска локва
  • Категорија: Природни убавини

Рејтинг

од 2641
Популарност

Прегледи

1332

Голина – Вевчанска локва

Опис на Локалитетот

Планинскиот предел на локалитетот Голина, претставува со својата надморска височина(од 1800 до 2227 м) на планината Јабланица, во реонот на Вевчани, вистинска основа за развој на повеќето видови на (руралниот) туризам. Локалитетот е испрекинат со шумски ливади и мали пространствана ендемска тревна вегетација, а врв на таа убавина е присуството на двете планински (глечерски) езера, во кои во минатото имаше човеколики рибички. Според легендата, од највисокиот врв на овој локалитет – Црн Врв, во летните месеци, кога денот е сончев “ се гледа Јадранското Море”. 

Одгледување на коњи, манастирот “ Свети Апостол Павле”, обележани патеки  за велосипедизам, различни чаеви , настрешници и видиковци за користење во услови на невреме, планинарски патеки, се само дел од богатата понуда поврзана со овај локалитет.

Погледнато од Голина,  како на дланка се гледа Охридското Езеро  со градот Охрид; но и сите населби сместени во Струшки Дримкол.