Покана за одржување на Јавни расправи

Преглед

  • Наслов:Покана за одржување на Јавни расправи
  • Автор:
  • Тагови:
  • Датум: 19/04/2019

Рејтинг

од 4072
Популарност

Прочитана

210

Покана за одржување на Јавна расправа по Нацрт Планот за управување со заштитено подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“ 2019/2029

Врз основа на Законот за заштита на природата ("Службен весник на РМ" бр.67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13, 41/14, 146/15, 39/16 и 63/16) при постапка за донесувањето на плановите за управување со заштитеното подрачје, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата и субјектите кои управуваат со заштитеното подрачје се должни да организираат јавна расправа. За таа цел Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Вевчани објавуваат:

 

Покана за одржување на Јавна расправа по Нацрт Планот за управување со заштитено подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“ 2019/2029

 

Јавната расправа по Нацрт План за управување со заштитено подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“ ќе се одржи на ден 13.05.2019 година (понеделник) во просториите на големата сала во Општина Вевчани со почеток во 11 часот.

 

Нацрт Планот за управување со заштитено подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“ е достапен на јавен увид на веб страната на Општина Вевчани (www.vevcani.gov.mk) и Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk)  како и во канцеларијата на градоначалникот на Општина Вевчани во период од 19.04.2019 до 20.05.2019 година.

 

Контакт лице:

 

Општина Вевчани

Менка Кукоска – технички секретар

тел: 046/784-640

е-маил: contact@vevcani.gov.mk

веб страна: www.vevcani.gov.mk

Нацрт Планот за управување со заштитено подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“ 2019/2029



Покана за одржување на Јавна расправа по Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина за Планот за управување со заштитено подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“ 2019/2029

 

Врз основа на член 69 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13 и 42/14) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/08 и 45/11), Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Вевчани објавуваат:

Покана за одржување на Јавна расправа по Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина за Планот за управување со заштитено подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“ 2019/2029

 

Јавната расправа по Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина за Планот за управување со заштитено подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“ 2019/2029 ќе се одржи на ден 13.05.2019 година (понеделник) во просториите на големата сала во Општина Вевчани со почеток во 14 часот.

 

Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина за Планот за управување со заштитено подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“ 2019/2029 е достапен на јавен увид на веб страната на Општина Вевчани (www.vevcani.gov.mk) и Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk)  како и во канцеларијата на градоначалникот на Општина Вевчани во период од 19.04.2019 до 20.05.2019 година.

 

Контакт лице:

 

Општина Вевчани

Менка Кукоска – технички секретар

тел: 046/784-640

е-маил: contact@vevcani.gov.mk

веб страна: www.vevcani.gov.mk

Нацрт извештај за стратегиска оценка на животната средина за план за управување со Споменикот на прироадта “Вевчански Извори“ (2019 – 2029)