Спасе Кочовски

Спасе Кочовски

Градоначалник

Спасе Кочовски е роден 02.09.1973 година во Струга.
Своето образование го започнува во О.У ,, Страшо Пинџур ” – Вевчани, завршува средно стручно образование математика и информатика во гимназијата ,,Св.Климент Охридски ” во Охрид. со звање Дипломиран социолог се здобива на Филозофскиот факултет на универзитетот ,, Св. Кирил и Методиј ” Скопје.
Зема учество во проектот ,, Финкционирањето на локалната самоуправа од 1996 -2000 година во Македонија ” , во изработка на институтот за социологија од Скопје.
Работи на студијата ,, Субкултурата на младите во Скопје ” , во изработка на институтот за социолошки и политичко – правни истражувања од Скопје.
Во 2009 година работи како професор по Социологија во СОУ ,, Нико Нестор ” – Струга, а во 2010 година како професор по Социологија во СОУ ,, гимназија Др – Ибраим Темо” – Струга.