Градоначалникот Сашо Јанкоски денес беше на увид на одпочнување со работите на локалната улица “БЕБЕКОЈ КОШАРИ”. Оваа уличка до ден денес беше во кал и е дел од проектот Вевчани без кал.

Средствата за изградба на оваа улица се обезбедени преку Бирото за рамномерен регионален развој. Истата ќе биде поплочена со бехатон плочи.