Денес градоначалникот Сашо Јанкоски  имаше воведно обраќање за можностите на Вевчани и регионот под мото; “Дојди во Вевчани, запознај го регионот” на настанот и маршот до Вевчанска голина и Вевчанска локва кој беше организиран од фондацијата Фридрих Еберт и Македонско еколошко друштво МЕД.

 

 

 

 

На овој настан свое обраќање имаа и директорот на ФЕС господинот Рене Шле, директорката на МЕД Робертина Брајановска и Каја Шукова Државен секретар во Министерството за животна средина. Со свое присуство не почестија и директорката на ПОНТ Миријам Де Конинг, Аница Палацо од ГИЗ и многу, многу други учесници на овој прекрасно организиран марш.