Денес заедно со стручните служби на општина Вевчани и изведувачите, градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски беше на увид на работите на „Мурџеј дрење„ и „Ветерник„

На почеток на овие две локални улици ќе се изведат нови канализациони линии кои се финансираат со средствата од ТАВ програмата а веднаш потоа ќе биде поставен и горниот слој.

Локалната улица „Мурџеј дрење„ ќе биде асфалтирана, додека  на улицата „Ветерник„ ќе бидат поставени бехатон  елементи.

Средствата за изградба на улиците се обезбедени преку Бирото за регионален развој.