Со огромно задоволство ви го претставуваме едногодишниот труд на група млади истражувачи-биолози преточен во прирачник „Тврдокрилците (Coleoptera) на планината Јабланица“, со посебен акцент на Заштитеното подрачје „Споменик на природата Вевчански Извори“, каде најголем дел од локалитетите се во границите на заштитеното подрачје. Овој прирачник е финансиран од Општина Вевчани, а е дел од проектот „Диверзитет и дистрибуција на сапроксилната тврдокрилна фауна на планината Јабланица и течението на реките Црн Дрим и Радика“, како дел од програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски“ спроведена од Македонско еколошко друштво.
Општина Вевчани и понатаму ќе биде водечка сила на сите оние кои сакаат да се занимаваат со научно-истражувачка дејност и да ги
надополнат сознанијата за биодиверзитетот на планината Јабланица и „Споменик на природата Вевчански извори“. Посакуваме ова да биде едно убаво надополнување на љубителите на планината Јабланица и на нејзините богати природни вредности.

Прирачникот може да го превземете на следниов линк: Тврдокрилците (Coleoptera) на планината Јабланица