Општина Вевчани, во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Ве поканува на Последователната сесија од Проектниот форум на 14.06.2021 год. (понеделник) со почеток во 13:00 часот, во ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани.

За време на последователната сесија, присутните граѓани, учесниците на Форумот, претставници од институциите и почесните гости, ќе имаат можност да ги проследат постигнатите резултати од форумскиот процес во Општина Вевчани, што се спроведе во периодот од март – август 2020 година.

Во рамки на Форумот на заедницата, како алатка за граѓанско одлучување, беа предложени и разработени 4 проекти, од кои, на четвртата, гласачка сесија, учесниците одлучија буџетскиот фонд од 50.000 швајцарски франци (CHF) да го доделат на проектите за „Адаптација и пренамена на просториите на објектот Детска Градинка ЈОУДДГ ‘Планински Цвет’ – Вевчани“ и за „Реновирање на Дневниот центар за стари изнемоштени лица и пензионери“. На последователната сесија ќе биде презентирано она што е постигнато – реализацијата на проектите, како и на дел од препораките дадени од граѓаните во текот на форумскиот процес.

Ве очекуваме!