+389(0)46784640 contact@vevcani.gov.mk
Почетна

По повод одбележувањето 165 години од раѓањето на големиот научник и добротвор Михајло Идворски Пупин, во неговиот роден Идвор се одржа Свечена академија на која на покана на општина Ковачица, МЗ Идвор и Фондацијата Младен Селак, присуствуваше и делегација на општина Вевчани предводена од градоначалникот Сашо Јанкоски. На манифестацијата беа доделени Пупинови медаљи за различни категории. Меѓу овогодинешните добитниците на Пупинова медаља беше и екс градоначалникот на општина Вевчани, Васил Радиноски за промовирање на ликот и делото на Михајло Идворски Пупин. Претседателот на Фондацијата Младен Селак, господин Милан Божиќ, во својот поздравен говор истакна дека општина Вевчани со поставувањето на бистата на Пупин, се става на листата на места како Идвор, Блед, Њу Јорк во кои постои споменик на Михајло Идворски Пупин.Овие пофални зборови и самиот чин на пречек на највисоко можно ниво на делегацијата на општина Вевчани, ни даваат уште поголем поттик да ги развиваме и продлабочуваме односите помеѓу Вевчани и Идвор, како и помеѓу двата наши братски народа.