Редизајниран општинскиот WEB портал vevcani.gov.mk

Почитувани;
Општина Вевчани во рамките на проектот кој го спроведува Еко Свест, го унапреди и подобри општинскиот WEB портал,  Новата WEB страна е изработени според најновите стандарди за информирање и достапност на информациите.

Ќе се реконструира на улицата ДАСКАЛОЈ – ПАРТАЛОЈ и Паркот пред општинската зграда

После повеќе од дваесет години, конечно реконструкција на улицата ДАСКАЛОЈ – ПАРТАЛОЈ.
На 142-ра седница на Владата се донесe одлукa:
За доделување на средства за финансирање на проекти за развој на селата во 2019 година.
Општина Вевчани во оваа мерка доби средства за реконструкција на делница на улица Даскалој 1 (Бералиште – Даскалој спој со павер елементи – бехатон)
Овој правец во должина од 243 м, поради големите оштетувања на завршниот асфалтен слој кој е стар преку дваесетина години, конечно после толку години ќе се реконструира со камени плочи, кои амбиентално одлично ќе се спојат со старата архитектура на овој потег. 


Ја користам приликата јавно да му се ЗАБЛАГОДАРАМ на Заменик Министерот Дејан Павчески за добивањето на средствата за двата толку значајни проекти за Вевчани, Паркот пред општинската зграда и улицата Даскалој 1. Без Ваша неизмерна помош овие два проекти немаше да го видат светлото на денот. Со ова покажавте дека сте човек од ЗБОР. Уште еднаш Ви Благодарам од името на сите вевчанци за овие два проекти. – изјави градоначалникот Јанкоски.

ЗБОРОТ СЕ УШТЕ ВАЖИ!
ПРОДОЛЖУВАМЕ!

Информација до здружението на пчелари во врска со предстојната превентивна систематска дезинсекција за уништување на комарците на подрачјето на општина Вевчани

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,149/2014 и 15/2015), а врз основа на одлуката на Советот на општината за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Вевчани како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение:

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Вевчани дека на ден 29.07.2019 година ( понеделник ), екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 19:00 до 04:00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени: зелените површини во Општината, пречистителниот каскаден таложник на канализационен систем, крајбрежјето на вештачкото езеро „Јанков камен“, околината на Вевчанските извори, урбаната населба Вевчани, како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје Охрид е 231-881 и 230-231.

Со почит,

ЈЗУ Центарот за јавно здравје Охрид

Покана за одржување на Јавна расправа по Нацрт Планот за управување со заштитено подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“ 2019/2029

Врз основа на Законот за заштита на природата (“Службен весник на РМ” бр.67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13, 41/14, 146/15, 39/16 и 63/16) при постапка за донесувањето на плановите за управување со заштитеното подрачје, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата и субјектите кои управуваат со заштитеното подрачје се должни да организираат јавна расправа. За таа цел Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Вевчани објавуваат:

 

Покана за одржување на Јавна расправа по Нацрт Планот за управување со заштитено подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“ 2019/2029

 

Јавната расправа по Нацрт План за управување со заштитено подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“ ќе се одржи на ден 13.05.2019 година (понеделник) во просториите на големата сала во Општина Вевчани со почеток во 11 часот.

 

Нацрт Планот за управување со заштитено подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“ е достапен на јавен увид на веб страната на Општина Вевчани (www.vevcani.gov.mk) и Министерство за животна средина и просторно планирање(www.moepp.gov.mk)  како и во канцеларијата на градоначалникот на Општина Вевчани во период од 19.04.2019 до 20.05.2019 година.

 

Контакт лице:

 

Општина Вевчани

Менка Кукоска – технички секретар

тел: 046/784-640

е-маил: contact@vevcani.gov.mk

веб страна: www.vevcani.gov.mk

Изграден видиковец во месноста “Голина”.

Во рамките на проектот „Воспоставување на мониторинг и менаџмент систем за споменик на природата Вевчански извори“ кој го спроведува Еко-свест во партнерство со Општина Вевчани и еколошко-планинарското здружение „Церн Камен 2257“ од Вевчани, изградивме и видиковец во месноста “Голина”.

Посетете го и уживајте во прекрасната глетка