ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!

👉 “СИОН 2013” – Вевчани е дежурен маркет кој викендов ќе работи online на територијата на општина Вевчани.

☎️: 070 232 237

👉 ⚕️“ВИА ФАРМ” – Вевчани е дежурна аптека која ќе работи во време на викендот на територијата на општина Вевчани.

Работно време:

Понеделник – Петок од 08:00 часот до 19:00 часот

Сабота и Недела 08:00 часот до 20:00 часот

☎️: 070 883 273

☎️: 046 798 390

👉 Земјоделците кои што имаат работна обврска на своите земјоделски површини и на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во кое живеат, може да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

👉 Земјоделците пак чии што земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, при тоа треба да возат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производство, задолжително треба да извадат дозвола за движење или да се јават на телефонот 192 во МВР.

👉 Регистрираните земјоделци дозволите ги вадат преку подрачните единици на МЗШВ.

ПРОДОЛЖУВА ДЕЗИНФЕКЦИЈАТА НА ВЕВЧАНИ.

Согласно препораките за превенција од Ковид 19 и оперативните мерки на Кризниот штаб на Општина Вевчани, екипите  на ЈП „Еремја“ – Вевчани  продолжуваат со интензивни активности за дезинфекција на улиците, шеталиштата, урбаната опрема, контејнерите и корпите за отпадоци на подрачјето на Општина Вевчани.

Активностите за дезинфекција ќе продолжат интезивно и во наредниод период се до конечно справување со Ковид 19 вирусот.

Известување од Кризниот штаб на Општина Вевчани!!!

Во просториите на Општина Вевчани во насока на справување со состојбата настаната со Корона вирусот се одржа состанок на Општинскиот кризен штаб на општина Вевчани, на кој беа донесени заклучоци кои ги пренесуваме во продолжение:

 Заклучоци од одржан состанок на Кризниот штаб на Општина Вевчани

На одржаниот состанок на Кризниот штаб на Општина Вевчани за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, во согласност со  мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за ограничено движење, беа донесени следните заклучоци:

  • Се упатува известување до сите маркети и економски оператори на територијата на Општина Вевчани кои се регистрирани за он-лајн продажба, дека ќе може да вршат достава на намирници за итни и неодложни потреби за време на Полицискиот час во текот на викендот. Истите задолжително мора да испратат барање до Кризниот штаб на Општина Вевчани на следната електронска адреса contact@vevcani.gov.mk. Ќе биде дозволено движење на максимум 5 вработени лица (доставувачи) од маркет, кои треба да имаат соодветна заштитна опрема.
  • Се известувааат маркетите и економските опрератори кои ќе достават барање за дозвола за работа за време на полициски час да достават и свој контакт преку кој граѓаните ќе можат да вршат нарачки а истиот ќе биде објавен на веб страната на општина Вевчани vevcani.gov.mk .
  • Се упатува известување до сите Аптеки на територијата на општина Вевчани кои ќе работат за време на полицискиот час за време на викендот, задолжително да ги испратат потребните податоци на електронска адреса contact@vevcani.gov.mk .Ова е потребно за навремена координација со мобилните тимови на Општина Вевчани.

Во продолжение на оваа објава граѓаните може да ги преземат обрасците за Барање дозвола за движење за време на полициски час и Барање дозвола за работа за време на полициски час како и образец за Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа.

Овие обрасци преку Општинскиот кризен штаб се доставуваат до МВР (надлежен за издавање на дозволите).

Дополнително, се известуваат граѓаните на општина Вевчани дека авто-превозникот „Сприја“ – Вевчани ќе врши превоз на патници почнувајќи од 06:30 часот (Вевчани – Струга) до 15:00 часот (Струга – Вевчани) од понеделник до петок. Сабота и недела нема да врши превоз согласно уредбата на Владата.

Барање дозвола за движење во полициски час

Барање дозвола за работа во полициски час

Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа 

Јавен повик за учество во процесот на јавна консултација за документи поврзани со заштита на животна средина и социјални аспекти од спроведување на проектот “Туристички центар Вевчани – еден центар еден туристички производ“

Општина Вевчани ја известува заинтересираната јавност дека во тек е реализација на потпроектот “Туристички центар Вевчани – еден центар еден туристички производ,  финасиски поддржан од Европската унија (ИПА 2) во рамките на Проектот за локална и регионална конкуретност (ПЛРК).

За потребите на реализација на активностите на потпроектот, а со цел навремено да се идентификуваат и оценат потенцијалните влијанија врз животната средина од проектните активности за реконструкција и адаптација на старата училишна зграда во модерен туристички центар спроведуваме јавна консултација на документи поврзани со заштита на животна средина и социјални аспекти, односно по однос на  документот Список за проверка на План за управување со животната средина за проектот „Туристички Центар Вевчани – Еден Центар Еден Туристички Производ“.  Планот содржи и мерки за спречување, минимизирање и ублажување на можните негативни влијанија од реализација на предвидените проектни активности.

Наведениот документ е достапен на увид во просториите на општина Вевчани, во прилог на оваа објава, како и на следните веб страници: www.lrcp.mk и  www.tourismmacedonia.gov.mk.

Јавната консултација по однос на документот за заштита на животната средина и социјалните аспекти на потпроектот трае 14 (четиринаесет) дена од денот на објавата

Забелешките и формуларите по однос на документот можат да се достават  во писмена форма или електронска форма на контактите наведени во формуларот за доставување на коментари и сугестии за потпроектот кој е во прилог на оваа објава.

ЛИСТА ЗА ПРОВЕРКА ПУЖС

Формулар за доставување на коментари за ПУЖС – Општина Вевчани

ESMP CHECKLIST VEVCHAN

Form for submission comments and suggestion

PLAN PER MENAXHIM ME ASPEKTET SOCIALE TE AMBIENTIT JETESOR

Formular per paraqitjedorëzim të komenteve dhe sugjerimeve