by Општина Вевчани | Авг 8, 2022
Почитувани, во рамките на соработката помеѓу општина Вевчани и ODW-ELEKTRIK, а во врска со потребите од нови вработување во компанијата, Ве повикуваме и охрабруваме сите заинтересирани да аплицирате на повикот за вработување во ОДВ-ЕЛЕКТРИК Македонија. 
by Општина Вевчани | Авг 8, 2022
Вчера, во Мултикултурниот центар „ Коста Србакоски “ во рамките на програмата на Вевчанско лето 2022 во Вевчани се прославија 35 години од „Вевчанскиот случај “ под мотото „ Никваш да не се повторит ама и да не се заборајт“ во организација на Вевчани турист Инфо а под покровителство на Општина Вевчани.
Манифестацијата започна од 19 часот кога беше отворена изложба на уметнички дела на вевчанските уметници : Никола Угриноски, Аница Китаноска, Д-р Марјана Костојчиноска Узунчева, Симун Лешоски, Симун Коруноски, Перо Шутиноски и Коста Костоски која ќе биде отворена за посетители секој ден од 18:00 до 20:30 часот.
Официјалниот дел започна во 20: 30 часот. Во рамки на програмата беа емитувани автентични аудио снимки од новинарот во пензија од Радио Београд Драгослав Симиќ, кој овој случај со следеше од почетокот па се до самиот крај.