by Општина Вевчани | Мај 15, 2025

Со голема радост Ве покануваме на свеченото отворање на новиот детски парк во Вевчани со проследено со танцови точки на нашите ученици и дружба со вашите омилени ликови од цртаните филмови: Мики Маус, Мини Маус, Елза и Чеjс Време е за детска смеа, игра и радост под отворено небо – затоа ве очекуваме сите, мали и големи, заедно да го одбележиме овој значаен момент за нашата општина.
19.05.2025 (понеделник)
10:00 часот
Да создадеме нови спомени за нашите најмлади – Вевчани заслужува!
by Општина Вевчани | Мај 7, 2025
На ден 09.05.2025 год.(Петок) на територијата на Општина Вевчани е предвидено да се спроведе ларвицидна дезинсекција која има за цел уништување на ларвите на комарците заради спречување на ширењето на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.
Според документацијата за набавка на услуги ќе се поминат бараните локации со вкупна површина од 6050 м².
Третманот против ларвицидна форма на комарци ќе се изврши терестички со употреба на гранули, за таа цел ќе се користи препаратот BIOPREN 4GR по упатство за употреба од производителот, во однос 0,3 кг/ха.
Прва пролетна дератизација според документацијата за набавка на услуги ќе се поминат сите предвидени локации со предвидени 30 шахти за третирање
Третирањето на површините ќе биде изведено од 10:00 до 16:00 часот само под добри временски услови поради ефикасно извршување на третманот. Доколку, временските услови не дозволат да се спроведат третманите на дезинсекција и дератизација, тогаш истите ќе бидат одложени за наредниот ден или евентуално за некој нареден ден со поволни временски услови. |
by Општина Вевчани | Јан 8, 2025
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Вевчани аплицираше со проект за „Реконструкција на локална улица „ЗЕЛЕН ПАЗАР – ТРАФО БЕБЕКОЈ“, општина Вевчани“.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 08.01.2025 година официјалните веб страници на:
• Општина Вевчани: www.vevcani.gov.mk
• ЕИП: www.wbprojects-mtc.mk или
• МТ: http://mtc.gov.mk/
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на
Интернет страницата.
Известување за достапност за документи
Контролна листа зелен пазар- трафо-бебекој
Формулар за коментари
by Општина Вевчани | Дек 13, 2024
Врз основа на челн 30 од Законот за локална самоуправа ( Сл. весник на РМ бр. 05/02) Градоначалникот на општина Вевчани организира: ЈАВНА РАСПРАВА
Предмет на јавна расправа: БУЏЕТ НА ОПШТИНА ВЕВЧАНИ ЗА 2025 ГОДИНА
Јавната расправа ќе се одржи на ден 16.12.2024 година во 9 часот во просториите на општина Вевчани
https://vevcani.gov.mk/wp-content/uploads/2024/12/Јавна-расправа-за-буџет-2025-година_0001.pdf
by Општина Вевчани | Дек 11, 2024

Воедно општината апелира до сопствениците на миленици дека согласно законските одредби, своите кучиња треба да ги чуваат во сопствените дворни места.
by Општина Вевчани | Дек 11, 2024
Општина Вевчани изврши санација и реконструкција на постоечката дотраена урбана опрема во излетничко место Јанков Камен. „Ќе продолжиме да се грижиме за природата и да им овозможиме на сите посетители да уживаат во убавините на оваа прекрасна локација“ – истакна градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски
Проектот се реализира со финансиска поддршка од
PONT, а целта на оваа активност беше да се обнови опремата за поголема удобност на туристите кои го посетуваат ова прекрасно природно богатство.
Со новите подобрувања, Јанков Камен ќе биде уште попривлечен за сите љубители на природата и активниот туризам!