Вевчанско лето 2023

Во периодот од 19 јули до 31 август, и оваа година во Општина Вевчани ќе се организира манифестацијата „Вевчанско лето“, манифестација која има за цел да го збогати културното живеење во Вевчани во летниот период.
„ Вевчанското лето 2023“ изобилува со богата соджина прилагодена за сите генерации и возрасти, предвидени се театарски претстави, музички програми, спортски настани, уметнички изложби.
Вевчанското лето е под  целосно покровителство на Општина Вевчани, поддржано во рамките на програмата за финансирање на проекти од локален интерес во културата за 2023 година.

Ве покануваме да присуствувате и да уживате со содржините!

Завршија градежните активности околу пробивање, чистење и тампонирање на пристапен пат до земјоделско земјиште.

Подобрувањето на инфраструктурата ни е приоритет. Целта на овие проекти е значително да се подобри и олесни животот на граѓаните на Вевчани, а со тоа ќе се овозможи и полесен пристап до нивите и другите обработливи површини.
Во периодов што следи ќе изработиме техничка документација, а потоа ќе обезбедиме и средства за целосно пробивање, чистење и тампонирање на овој пат, истакна Спасе Кочовски – Градоначалник на Општина Вевчани.

 

Претставници на Југоисточна Европска Бригада во посета на Општина Вевчани

Во официјална посета на Општина Вевчани беа претставници на Југоисточна Европска Бригада (SEEBRIG- сојуз на 6 земји Македонија,Турција, Албанија, Бугарија, Грција и Романија).
На средбата беа отворени можностите за н аша идна соработка.

Три локални  бизниси од Вевчани се здобија со сертификати за нивниот особен придонес во развојот и промоцијата на одржливиот туризам.

Преку Good Travel Seal програмата на концептот за Green destination, три локални  бизниси од Вевчани и еден туристички оператор од Охрид го поминаа процесот на известување и ревизија и се здобија со сертификати за нивниот особен придонес во развојот и промоцијата на одржливиот туризам. Сертифицираните бизниси преку Good Travel Seal платформата за одржливо патување како и преку социјалните медиуми ќе бидат промовирани помеѓу одговорни туристи од целиот свет кои бараат зелен, одржлив одмор. Исто така тие ќе бидат дел од т.н. зелени продукти кои дополнително ќе бидат промовирани и нудени на платформата Outdooractive. Сето ова ќе придонесе кон нивна поголемa видливост, промоција и социо-економски бенефит на локално ниво.

Повеќе за green destination и можноста за сертифицирање бизниси прочитајте на https://www.greendestinations.org/home/what-we-do/solutions-for-businesses/good-travel-seal/