Вевчани со своите убавини и недопрената природа полека станува топ дестинација за планински туризам. Денес градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски заедно со ренџерската служба беше во посета на кампот во месноста Голина – (Вевчанска локва) каде планинарите од Хрватска и Словенија ќе ја поминат ноќта и утре изутрина ќе заминат према Горна Белица и Вишни.
Гостите беа воодушевени од планината Јабланица и недопрената природа и најавија дека и до година повторно ќе се вратат тука.