Градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски заедно со Мила Царовска – Заменичка на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Кирил Колемишевски – Заменик министер за економија, Дејан Павлески – Заменик министер за локална самоуправа беа на увид на мултифункционалниот туристички објект “Туристички центар Вевчани”
Потпроектот „Туристички центар Вевчани – Еден центар еден туристички производ“ е финансиран од Европската унија и Владата на Република Северна Македонија. Овој проект е имплементиран од Кабинетот на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, а администриран од Светска банка преку единицата за спроведување на Проектот за Локална и Регионална Конкурентност.
Вкупната корисна површина на овој модерен мултифункционален центар е 1400м2, во кој се вклучени конгресна сала, сала за семинари, галерии, музејска поставка, фитнес и бодибилдинг сала и др. Во овој проект се финансирани 985.000 евра.
Проектот започнат пред повеќе од една деценија конечно ќе го види светлото на денот, сонот на вевчанци ќе биде конечно остварен. Во моментов објектот е во фаза на внатрешно опремување и за кратко време истиот ќе биде ставен во функција. Исто така паралелно се работи и на партерно уредување на просторот, со што туристичкиот центар ќе добие нов и модерен изглед.
Овој објект значително ќе допринесе за зголемување на туристичката понуда не само на Вевчани туку и на целиот регион.
Истовремено, Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески го посети и новоизградениот парк пред општинската зграда. Проектот „Изградба и партерно уредување на мал плоштад СА во центарот на Вевчани“ е финансиран преку Биро за регионален развој.