Успешно реализирана еко акцијата за чистење на вевчанска река на потегот „Вевчански извори“  – „Пешински мост“. Граѓаните кои се одзваа на повикот на градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски, покажаа дека Вевчани има граѓанска свест за чиста животна средина. За време на акцијата беше собрано и отстрането ѓубрето по течението на реката и во реката.

Еко-активистите испратија апел до локалното население и посетителите да не фрлаат отпадоци во реката за да ја оставиме чиста и за нашите деца. Нека ваквите акции бидат пример за сите и силен апел дека треба да се грижиме за животната средина затоа што таа нам ни е потребна.