На 16.10.2019 година со почеток во 17:00 часот во зградата на Општина Вевчани, Клуб на пензионери – Вевчани се одржа Енергетска трибина организирана од Стопанска комора за енергетика на Македонија заедно со Општина Вевчани.
На трибината одржаа говор, Градоначалникот на Општина Вевчани г-дин Сашо Јанкоски, Претседателот на Стопанската Комора за енергетика на Македонија г-дин Ѓорѓи Манасков, Државен инспектор за животна средина г-ѓа Лидија Зафировска, Вице-Претседател за Централна Македонија на Стопанската комора за енергетика г-дин Ристо Каракашев, ЕСКО компанија за улично осветлување од ЕУ- Хрватска г-дин Томислав Грива.
Присутните компании и граѓани на оваа трибина беа информирани за новите случувања во енергетскиот сектор, како и за можноста за инвестирање во обновливи извори на енергија, фотоволтаици, хидроцентрали, можностите за искористување на грантови преку ИПАРД и други фондови, премиум тарифи, откуп и продажба на електрична енергија. Исто така на трибината беше презентиран и модел за јавно осветлување претставен од г-динот Грива од ЕСКО компанијата за улично осветлување од Хрватска. Стопанската комора за енергетика ја нагласи својата подготвеност за соработка при спроведувањето на енергетски мерки кои се во склоп на нивната дејност, како и да му се помогне на секој граѓанин или компанија кои имаат проблем во енергетиката или сакаат да инвестираат.