Денес се започна со асфалтирање на регионалниот крак “Фабрика Вевчанка” – Здравствен дом “др. Светозар Чочоровски”. Овој пат преставува продолжеток на кракот на регионалниот пат Вевчани – Суво Поле.  Понатаму регионалниот пат продолжува према Октиси, врска со А2( Ќафа Сан). Обиколницата “Вевчани – Југ” е од големо значење не само за жителите на општина Вевчани, туку и за целокупниот регион. Со овој пат ќе се намали бројот на возила кои ќе поминуваат низ Вевчани, а во исто време ќе се овозможи побрз пристап до услугите на Здравствениот дом “др.Светозар Чочоровски” во Вевчани.

п

Севкупната должина на овој регионален крак е околу 1 километар и вредност од 325 000 евра.  Околу 650 метри  е комплетно  нов пробиен пат,  започнувајќи од пробивање, земјени работи до фаза на асфалтирање, додека остатокот е реконструкција на претходно пробиен и асфалтиран пат од 2005 година. Средства  се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).