Започнавме со изградба и на канализационата линија “Трафо – Бубаној – Смолејца” фаза 2. Претходно овој канализационен крак беше изграден со самопридонес на граѓаните во осумдесетите години на минатиот век. Тргнувајќи од развојните потреби Вевчани да ги достигне европските стандарди на живеење, општина Вевчани ја гради оваа нова канализациона линија, при тоа зголемувајќи го развојно профилот на канализационата линија од ф110 мм на ф250 мм.
Реализацијата на овој проект е предуслов за реализација и на проектот кој ќе се реализаира понатака, а тоа е реконструкција и на улицата “Трафо – Бубаној – Смолејца”.
Со овој капитален проект, овој дел од населбата Вевчани ќе добие канализациона линија по сите норми и прописи.
Вкупната сума за реализација на оваа фаза е 1.750.000 денари, од кои 1.500.000 се средства обезбедени преку Бирото за рамномерен регионален развој, а остатокот се сопствени средства на Општина Вевчани.