Денес во просториите на Министерството за финансии ја подигнавме техничката документација за три локални патишта во општина Вевчани: Јанков камен, Средни пот и Вердани. Иако ова требаше да биде свечен чин на доделување, пандемијата си го направи своето. Запазени се сите мерки и препораки за дистанцирање и носење заштитна опрема. Проектите се изработени од проектната единица МСИП врз основа на јавниот повик за изработка на проекти за локални улици и патишта до 3 километри.