i

Надлежности на општината

Надлежностите на Општина Вевчани  се утврдени во член 22 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија бр.5/2002) и во други закони и подзаконски акти со кои се регулираат работите од јавен интерес од локално значење кои општината во согласност со закон има право да ги врши на своето подрачје и е одговорна за нивното извршување.

Согласно член 22 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/2002) , Општината има надлежности за вршење на следните работи:

1.Урбанистичко (урбано и рурално) планирање, издавањето на одобрение за градење на објекти од локално значење утврдени со закон, уредувањето на просторот и уредувањето на градежното земјиште;

2. Заштита на животната средина и природата – мерки за заштита и спречување од загадување на водата.воздухот, земјиштето,заштита на природата, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење;

3. Локален економски развој – планирање на локалниот економски развој, утврдување на развојните и структурните приоритети, водење на локална економска политика, поддршка на развој на малите и средните претпријатија и на претприемаштвото на локално ниво и во тој контекст, учество во воспоставувањето и развој на локалната мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство;

4. Комунални дејности – снабдување со вода за пиење, испорака на технолошка вода, одведување и пречистувањето на отпадните води, јавно осветлување, одведувањето и третманот на атмосферски води, одржување на јавна чистота, собирање транспортирање и постапување со комуналниот цврст и технолошки отпад, уредувањето и организирањето на јавниот локален превоз на патници, снабдувањето со природен гас и топлинска енергија, одржувањето на гробовите, гробиштата, крематориумите и давањето на погребални услуги, изградбата, одржувањето, реконструкцијата и заштита на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти, регулирање на режимот на сообраќај, изградбата и одржувањето на уличната сообраќајна сигнализација, изградбата и одржувањето на јавниот простор за паркирање, отстранувањето на непрописно паркираните возила ,остранувањето на хавасираните возила од јавните површини, изградбата и одржувањто на пазарите, чистењето на оџаците, одржувањето и користењето на паркови, зеленило, парк-шумите и рекреативните површини, регулацијата, одржувањето и користењето на речните корита во урбанизираните делови, определување на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти;

5. Култура – институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти, негувањето на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности, организирањето културни манифестации, поттикнувањето на разновидни специфични форми на творештво;

6. Спорт и рекреација – развојот на масовниот спорт и рекреативните активности, организирањето на спортски приредби и манифестации, одржувањето и изградбата на објекти за спорт, поддршка на спортски сојузи;

7. Социјална заштита и заштита на децата – детски градинки и домови за стари (сопственост, финасирање, инвестиции и одржувањето), остварување на социјалната грижа за инвалидните лица, децата без родители и родителска грижа, деца со воспитно – социјални проблеми, деца со посебни потреби, децата од еднородителските семејства, децата на улица, лицата изложени на социјален ризик, лицата засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол, подигање на свеста на населението, домување на лица со социјален ризик, остарување на право и воспитување на децата од предучилишна возраст. Вршењето на овие надлежности се во соглсност со Национална програма за развој на социјалната заштита;

Според бројот на жители во општина Вевчани – 2433 жители, од последниот официјален попис за население спроведен 2002 година,  а со оглед дека во 2021 година во општината има 8 социјални случаи (неофицијални податоци) ова изнесува 3,04% од вкупното население, што е показател дека Вевчани може да се рангира како општина со добар социјален статус, односно мал процент на социјални случаи.

8. Образование – основање, финасирање и администрирање на основни и средни училишта во соработка со централната власт, во согласност со закон, организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови;

9. Здравствената заштита – управување со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарна здравствена заштита кои треба да вклучат застапеност на локалната самоуправа во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост, здравственото воспитување, унапредувањето на здравјето, превентивните активности, заштита на здравјето на работниците и заштита при работа, здравствен надзор на животната средина, надзор над заразните болести, помош на пациенти со специјални потреби (на пример: ментално здравје, злоупотреба на деца итн) и други области кои ќе бидат утврдени со закон;

10. Заштита и спасување – Спроведување на подготовки и преземање на мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разурувања, природни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив;

11. Противпожарната заштита што ја вршат територијалните противпожарни единици.

i

Од Законот за локалната самоуправа, како системски закон и основен закон за локалната самоуправа произлезени се и други закони и подзаконски акти и со нив детално се регулира извршувањето на одредени надлежности или активности на општината:

-Закон за вработените во јавниот сектор

-Закон за административните службеници,

-Закон за постапување по претставки и предлози,

-Закон за слободен пристап на информации од јавен карактер,

-Закон за еднакви можности на жените и мажите,

-Закон за општата управна постапка,

-Закон за архивски материјал,

-Закон за јавните набавки,

-Закон за работните односи,

-Закон за плати и други надоместоци на избрани и именувани лица,

-Закон за волонтерство,

-Закон за основно образование,

-Закон за заштита на децата,

-Закон за меѓуопштинска соработка,

– Закон за финасирање на единиците на локалната самуправа,

-Закон за сметководство на буџетите и буџетските корисници,

-Закон за даноците на имотот,

-Закон за јавна внатрешна финсиска контрола,

-3акон за буџетите,

-3акон за извршување на буџетот,

-Закон за заштита на личните податоци,

-Закон за постапување со бесправно изградени објекти,

-Закон за градење,

-Закон за градежно земјиште,

-Закон за земјоделско земјиште,

-Закон за просторно и урбанистичко планирање,

-Закон за животна средина,

-Закон за комунални дејности,

-Закон за отпад,

-Закон за водоснабдување и одведување на урбани отпадни води,

-Закон за јавна чистота,

-Закон за превоз во патниот сообраќај,

-Закон за јавни патишта, Закон за енергетика,

-Закон за заштита и спасување,

-Закон за управување со кризи,

-Закон за користење и располагање со стварите во државна и стварите во општинска сопственост,

-Закон за катастар за недвижности,

-Закон за внатрешна ревизија,

-Законот за прогласување на Вевчански извори на Споменик на природата

-Закон за инспекциски надзор ………и други.