Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски денес присуствуваше на свечениот настан во Владата на Република Северна Македонија, по повод потпишување на  Меморандум за разбирање за Проект за поврзување на локални патишта, помеѓу Министерството за транспорт и врски и општина Вевчани.

Во рамките на овој проект општина Вевчани доби средствата во износ од 541.313,00 ЕВРА, обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка.

Целта на проектот е проширување на соработката и партнерството помеѓу Министерствот за транспорт и врски и Општина Вевчани заради зајакнување на капацитетите на општината и Владата во процесот на управување со локалната патна мрежа, подобрување на квалитетот и безбедноста на локалните патишта и подобрување на пристапот на граѓаните до објектите од јавен интерес.