Во рамките на Манифестациите кои се одржуваат секоја прва недела во месец Октомври – ДЕТСКА НЕДЕЛА, денес во посета  на градоначалникот Сашо Јанкоски беа дечињата и вработените во ЈОУДДГ “Планински цвет”- Вевчани.
Како мал допринос за исполнување и збогатување на содржината на дневниот престој на најмалите, градоначалникот Јанкоски од името на општина Вевчани им подари едукативни прирачници и сликовници за нивната нова мини библиотека.
Градоначалникот Сашо Јанкоски истакна дека во секоја наредна прилика во рамките на можностите на општината ќе помагаме во збогатување на фондот на детската библиотека, бидејќи децата се нашето најголемо богатство, нашата гордост, нашата радост и нашата иднина.

.