Строгиот центар на Вевчани ќе добие нов, модерен лик. Во тек е изработка на техничката документација за партерното уредување околу објектот “Туристичкиот центар – Вевчани” (Старо училиште). Архитектонското – урбанистичко решение е на архитектот Љупчо Мукоски, нарачател општина Вевчани, а средствата ќе се обезбедат од Светска банка проектна единица ПЛРК. Доколку имате забелешки, сугестии по истиот слободно коментирајте.