Градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски, во текот на вчерашниот ден присуствуваше на воведот во работа на изведувачот за “Сервисната улица С4”. Конечно исправена е една повеќе децениска неправда кон граѓаните кои живеат на оваа улица во екстремно лоши услови, затоа што и при најмали врнежи на дожд не можеа нормално да функционираат без на нив да облечат гумени чизми, бидејќи буквално кал тука имаше до колена. Првата фаза од оваа улицата предвидена да се изгради со асфалт, а средствата се обезбедени преку АФПЗЗР. Општина Вевчани и понатаму продолжува со кампањата “Вевчани без кал”.