Здравство
Државни здравствени институции
Здравствената заштита во Општина Вевчани се одвива на ниво на примарна и специјалистичка здравствена заштита во рамките на ЈЗО „Светозар Чочороски“, Вевчани.
ЈЗО „Светозар Чочороски“ има здравствени амбуланти (пунктови) и во селата Лабуништа, Боровец, Јабланица, Велешта, Татеши и Подгорци.
Во рамките на Здравствениот дом „Светозар Чочороски“ има и модерно опремена лабораторија и рендген. Објектот има поволна местоположба. Бројот на вработените во ЈЗО е 68. Површината на зградата е 600 м2, а на рендгенот 580 м2.
Преглед и број на вработени во Здравствен дом Вевчани:
ВЕВЧАНИ |
Број на регистрирани |
Број на вработени |
Итна служба |
1 |
32 |
Специјалистичка ординација |
1 |
4 |
Ренгден и лабораторија |
1 |
12 |
Администрација |
|
20 |
Во рамките на ЈЗО „Светозар Чочороски“ е лоцирана и приватна аптека, која има свои пунктови и во Лабуништа, Боровец и Велешта. Има вкупно 8 вработени.
Приватни здравствени ординации
Процесот на приватизација во ЈЗО е во завршна фаза и сите приватни ординации се лоцирани во објектите на поранешниот Здравствен дом Вевчани и селските амбуланти (пунктови).
Табела 5: Преглед на регистрирани приватни ординации и број на вработени:
ВЕВЧАНИ |
Број на регистрирани |
Број на вработени |
Приватни ординации |
3 |
9 |
Приватни аптеки |
1 |
8 |
Приватни стоматолошки ординации |
4 |
10 |